Да не го повредел менискусот, централниот дефанзивец Јулијан Нагелсман сега веројатно ќе го гледавме на теренот покрај Матс Хумелс или Бенедикт Хеведес. Но судбината ретко зема нешто, а да не даде ништо за возврат. Барем не во случајот на симпатичниот Нагелсман.
Ако после несреќната повреда на коленото Нагелсман добиел уште еден посилен удар, неговиот тренерски талент и демонстрирање на вежби денес сигурно ќе бил помал. Но во неговиот живот се појавил одличниот наставник - Томас Тухел, сегашен тренер на Дортмунд.
Тухел во Германија има прекар - „Патологот“. Но во оваа приказна тој ја реанимирал фудбалската кариера на еден разочаран млад фудбалер. Му понудил работа како негов помошник за вториот тим на Аугзбург и глупаво било овој да пропушти таква шанса.
Работата на младиот дует не поминала незабележано и набрзо легендарниот раководител Кристијан Хајндл го викнал Томас Тухел да биде главен тренер на Мајнц, а младиот Нагелсман се вратил во родниот крај и станал помошен тренер во младинската школа на Минхен 1860. Таму го учел занаетот.
Тренерската филозофија на Нагелсман е едноставна: „Мојата работа е како пекар. Мешам се, ставам во рерна и гледам дали ќе ми се допадне“, вели најмладиот тренер во Бундеслигата.
Печењето на мастрафот изгледа одлично. По неколкуте успешни години во Минхен, тогаш 23-годишниот Јулијан добил понуда да работи помошник тренер во младинската екипа на Хофенхајм. Една година подоцна, Јулијан бил во стручниот штаб на првиот тим и работел со Маркус Гисдол и Марко Курц. И тогаш со младиот Нагелсман се случило нешто што им се случува на сите перспективни луѓе во германскиот фудбал.
Еден ден на Јулијан му се ѕвонеле од легендарната „Забенер штрасе“. Карл-Хајнц Румениге и Матјас Замер сакале да го видат најдарениот млад тренер во Германија да го видат на своја територија.
Го викнале на интервју лично со нив и го прошетале низ секое ќоше во тренинг кампот на Баерн, да ги види неверојатните услови на гигантот. Во тоа време и Пеп Гвардиола, кој тогаш работел во Баерн се поздравил со Јулијан и со љубезни зборови го потапкал по рамето. Животна шанса за Нагелсман.
Неговата јасна улога во Хофенхајм и не баш јасната перспектива во Баерн влијаеле на одлуката Нагелсман да работи со најталентираните фудбалери во младинската Бундеслига. Го одбил Баерн и набрзо станал шампион на Германија со фудбалерите на Хофенхајм до 19 години.
По неколку успешни години во младинците на Хофенхајм, Нагелсман добил награда за својата работа. Во февруари 2016. година Дитмар Хоп, милијардерот сопственик на клубот излезе во јавноста со соопштение дека 28-годишниот Јулијан ќе биде прв тренер на првиот тим.
Но дури и таму Хулијан морал прво да се докаже. Тешката ситуација во клубот на крајот од минатата сезона кога Маркус Гисдол беше отпуштен поради слаби резултати, а Хуб Стевенс не беше во состојба да ја заврши до крај сезоната поради здравствени проблеми, го примора Нагелсман да го спасува тимот од испаѓање.
Со него екипата не само што избегна од зоната за испаѓање, туку го избегна и баражот за опстанок. А сега, откако ги помина подготовките летово со екипата, Хофенхајм не знае за пораз во новата сезона. Во првите осум кола тимот е зад Баерн Минхен и финансискиот гигант РБ Лајпциг. Тоа се трите екипи без пораз во елитата.
Во девет одиграни кола, Хофенхајм има шест победи по ред!
По бројот на освоени бодови од моментот на неговото назначување за тренер, Хофенхајм е трет, веднаш зад Баерн и Борусија Дортмунд. Формулата на успех на Нагелсман е едноставна: „30 посто тактика, 70 посто социјална интеракција“. Преведено од јазикот на бројките тоа значи дека Јулијан постојано комуницира со играчите.
„Секој играч го мотивираат различни работи и тоа мора да се земе предвид. На ова ниво, играчите можат да пружат добри партии ако се добро расположени и ако правилно психолошки ги третирате“, вели Јулијан Нагелсман кој ако го однесе Хофенхајм во Европа ќе стане најмладиот германски тренер во историјата кому му пошло ова од рака.