Таг: хофенхајм

Во градче со 35.000 жители, второлигашот Нирнберг на Куп натпревар отпатува со 10.000 навивачи

Верноста на германските навивачи не познава граници. Нив не ги интересира каде е гостувањето и дали мечот е од Куп, првенство или меѓународен натпревар. Одат цела војска. 10.000 е нормална бројка за гостување во Лига на шампиони во финале, а тие во второ коло од Куп отишле против Хофенхајм и направиле опсада во градот кој брои 35.000 жители. Неверојатно. Инаку Хофенхајм славеше 2:1 и со тоа оди во следна фаза, а тренер на Нирнберг е Мирослав Клосе.

Компанијата на сопственикот на Хофенхајм близу до вакцина, Германија вложи 300 милиони евра

Германската јавност е спремна да му подигне споменик на Дитмар Хоп, милијардерот којшто го одби Доналд Трамп да му го продаде „рецептот“ за вакцина против КОВИД-19. А државата Германија одвои 300 милиони евра за научниците од неговата фирма кои деноноќно работат над вакцина.

Зошто Хофенхајм и Баерн Минхен цели 15 минути само си ја подаваа топката?

Баерн гостуваше кај Хофенхајм и славеше со убедливи 0:6, но она што го направи овој меч ударна вест во сите спортски медиуми беше нешто сосема друго.

Само 40 чисти шанси пропуштени на Хофенхајм

Останаа без Европа куси за 4 бода. Некој седнал и скоцкал компилација од цела сезона, со која им направил уште повеќе да им биде криво. Па добро бе што е ова, клетва да не им фрлил некој на дечкиве?

Кога Леверкузен го даде најбизарниот гол во Европа

На 18 октомври 2013 година Баер Леверкузен му гостуваше на Хофенхајм. Во 70’ минута од мечот, по еден корнер Стефан Кислинг шутираше со глава а топката од надворешна страна влезе внатре во голот. Збунувачка реакција и на судијата, и на навивачите и на играчите.

Сте ја слушнале ли навивачката Last Christmas?

Со голем бод од гостувањето кај Хофенхајм, Мајнц ги израдува своите навивачи кои во голем број допатуваа на ова гостување и на крај го згрмеа хитот за овој период од годината.

Хет-трик на Дибала, Јуве меле, Сити се провлече

Аргентинецот во редовите на Јувентус конечно блесна во полн сјај и со три убави погодоци беше главен јунак во триумфот на Јуве кој играше без Кристијано Роналдо против Јанг Бојс. Манчестер Сити освои три бода во Хофенхајм.

Навивач со пиво од трибините станал резервен судија во Бундеслига

Во Германија фудбалот се сака толку многу што во истовреме можеш да бидеш и навивач и четврти судија како оној во Гелзенкирхен.

Собирач на топки помогна во поразот на Баерн Минхен

Германскиот шампион не успеа да стигне до 3 од 3 на стартот од новата сезона во Бундеслигата. Викендов имаа незгодно гостување против Хофенхајм каде загубија 2:0. Двоен стрелец на мечот беше Марк Ут, а во акцијата на првиот погодок клучен беше потегот на едно од децата кое собира топки, се со цел да се изведе експресно брз аут.

Како забар му ја спасил кариерата на Бразилецот Фирмино

Како мал никако не сакал да оди во школо поради што долго време не знаел да пишува со пенкало, но знаел да се потпишува со фудбалската топка. Неговиот талент не го забележувал никој, освен еден скромен забар којшто го однел на проба во голем клуб и му ја спасил кариерата.

Заслужена награда за човекот кој од зона за испаѓање тимот го носи во ЛШ

Јулиан Нагелсман сезонава е најјаката фаца меѓу тренерите во Европа. Врсник е со Лионел Меси, но веќе покажа капацитет за тренирање како да е 20 години во кариера. Германците ја препознаа неговата одлично извршена работа.

Најмладиот тренер во Европа нема пораз во Бундеслига

На 20 години го скинал менискусот и ја завршил професионалната кариера фудбалер. Од тогаш почнал да учи за тренер и му станал помошник на Томас Тухел, најхипстерскиот тренер во Германија. Со 26 го одбива Баерн Минхен а на 28 години стана најмлад тренер на Бундеслигаш.

Босанецот од Бундеслигата кој најмногу ги помага бегалците

Додека по куќата им светело црвено снајперско светло, Ведад морал да ја смирува малечката исплашена сестра да не плаче за да не ги откријат кај се. Патот од Швајцарија и САД го носи во Франција, а на крајот фудбалските и човечки квалитети ги докажува во Германија.

Кој е Јулиан Нагелсман, германскиот бејби Мурињо

Хофенхајм се бори за опстанок. Во таква ситуација, секој клуб за тренер би поставил испробана и проверена опција, а последно би се потпрел на тренер од своите младински категории. Но, Германците генерално размислуваат поинаку.

Хофенхајм го постави најмладиот тренер во историјата на Бундес

На местото на искусниот Хуб Стевенс, тимот на Хофенхајм ќе го води 28-годишниот Јулиан Нагелсман кој станува најмлад тренер во историјата на германскиот клупски фудбал.

Арсенал е 10 пати поскап за гледање од Баерн Минхен

Англиските клубови немаат осет со цените на годишните карти, а доколку истата политика би имале можност да ја применат во Бундеслигата ќе бидат постојано бојкотирани. 10.000 Германци во знак на револт наместо на гостување, ќе одат да го гледаат вториот тим на Борусија.

Мигрантите кои го доживеаа фудбалскиот сон

Италијанската фудбалска федерација во својот регистар внесе нов историски податок, а тоа е првиот фудбалски клуб составен од азиланти од афричките земји кои го живеат својот "втор живот" со топката. Еден од играчите веќе стигна и до Бундес лигата.