Германците најдобро знаат како се води политика со навивачите и затоа на стадионите во Бундеслигата секоја сезона нема игла каде да се фрли. Најевтината сезонска влезница во новата сезона за гигантот Баерн Минхен на стоење чини 140 евра, што веројатно претставува живо џабе за германска плата.
Такво нешто во Премиер лигата не постои, па така на пример годишна карта за Арсенал чини од 1.460 евра па нагоре. Баварците ги продаваат вторите најевтини карти во Германија каде интересно најскапи годишни карти има новиот прволигаш Дармштат по цена од 240 евра.
Доказ дека нема играње со џебот на германските навивачи е примерот со Хофенхајм. Овој клуб во новата сезона во Бундеслигата одлучи на навивачите на Мајнц да им продаде карти по 26 евра, на Шалке по 35 евра, а на оние на Борусија Дортмунд 55 евра.
Нееднаквиот третман е навреда за верните навивачи на Борусија Дортмунд кои одлучија дека единствената опција во ваква ситуација е бојкот. Тие на 23 септември наместо на гостување во Хофенхајм, ќе патуваат и ќе го бодрат вториот тим на Борусија кој игра на стадионот со капацитет од 10.000 седишта.
Годишни влезници во Бундеслигата
Дармштат – 240 евра
Хамбург – 208,7
Борусија Дортмунд 207
Аузбург – 199
Штутгарт – 198,5
Шалке – 190,5
Баер Леверкузен – 190 евра
Херта Берлин – 188
Хановер – 185
Мајнц - 181
Вердер – 180
Инголштат – 178
Борусија Дортмунд – 175
Келн – 165
Ајнтрахт Франкфурт – 159
Хофенхајм – 150
Баерн Минхен – 140
Волфсбург - 130