За нив основната идеја е да не го третираат тренерот како платеник кој во случај на неуспех само ќе ги спушти рамениците, ќе каже некоја анегдота и ќе замине да бара друга работа.
Скрипник во Вердер, Шуберт во Менхенгладбах, Дардаи во Херта и Крамник во Штутгарт - се примери кои го инспирирале газдата на Хофенхајм да му даде шанса на 28-годишниот тренер Џулиан Нагелсман (27 јули 1987), без да го чека крајот на сезоната како што претходно планирале.
Верноста кон клубот понекогаш е поважна од вештините и стекнатото знаење. Начинот на кој младиот Германец бил посветен на младинците на Хофенхајм минатото лето го натерале Ули Хенес да го покани да го води тимот на Баерн Минхен до 17 години.
Што се случило 28-годишен човек да стане главен тренер?
Прво, рано ставил крај на својата играчка кариера. Уште на 20 години Нагелсман имал болки во коленото и поради маките ставил точка на играњето фудбал. Тогаш отишол во Минхен 1860 каде почнал да го контролира процесот на тренинзи на тимот до 17 години.
Во 2007-ма година, Јулиан Нагелсман ги учел основите на тренерската професија во Аугзбург, а таму учел од еден фудбалски експерт. Овој експерт е Томас Тухел, сегашниот тренер на Борусија Дортмунд кој го зел Нагелсман во неговиот штаб додека бил тренер на јуниорите на Аугзбург.
Пред Нагелсман, најмлад тренер во Бундеслигата бил Бернд Штебер кој во 1976. година бил в.д. тренер на Сабрикен на мечот против Келн. Тогаш Штебер имал само 24 години кога бандата на Волфганг Оверат ги растргнала со 5:1. Мечот завршил, Штебер заминал, но и натаму се негува приказната за неговото име.
Нагелсман има малку поинаков статус. Префиксот привремен веднаш бил отфрлен и покрај фактот дека во март Јулиан допрва треба да го положи финалниот испит во центарот за обука Хенес Вајсфалер. Сепак, германскиот фудбалски сојуз му дале зелено светло да води бундеслигашки клуб. Минатата година, под негово водство јуниорите на Хофенхајм станале шампиони на Германија до 19 години, а во 2015-та речиси ја одбраниле титулата кога во финишот загубиле во финалето на плејофот.
Лидери на тој тим биле Филип Окс и Бенедикт Гимбер кои сега стандардно играат за првиот тим. 19-годишниот Надим Амири сезонава му донел три бода на Хофенхајм против Менхенгладбах.
Нагелсман знае да работи со млади луѓе. Во време кога клубот нема доволно гориво, назначувањето на 28-годишен тренер е сосема логично. Управата е толку сигурна дека Јулијан ќе успее што му понудиле договор до 30. јуни 2019-та година. Хофенхајм е во многу тешка ситуација се наоѓа на последно место на табелата и е пред испаѓање.
Бундеслигата сега му делува на Нагелсман како нова, неистражена планета со непријателска атмосфера. Тој би можел да води белешки како во минатото, а костумот ќе се погрижи тој да изгледа посигурно.