Хофенхајм се бори за опстанок. Во таква ситуација, секој клуб за тренер би поставил испробана и проверена опција, а последно би се потпрел на тренер од своите младински категории. Но, Германците генерално размислуваат поинаку.
На местото на искусниот Хуб Стевенс, тимот на Хофенхајм ќе го води 28-годишниот Јулиан Нагелсман кој станува најмлад тренер во историјата на германскиот клупски фудбал.