Не е светски рекорд, но и натаму е изненадувачки. Веста доаѓа од Германија, каде поради здравствени проблеми Хуб Стевенс го напушти Хофенхајм, а клубот решил негова замена да биде младо момче кое потпиша договор до 20 јуни 2019. година. Дебито ќе го има во сабота против Вердер Бремен.
Нагелсман досега работел како помошник тренер во Хофенхајм во 2012/13, а како играч играл во младите категории на Минхен 1860 и Аугзбург. Нагелсман е 11 години помлад од досегашниот најмлад тренер во Бундес, 39-годишниот Пол Дардаи од Херта Берлин. Рекордот на најмлад тренер во Германија го држел Клаус-Дитер Охс кој со 30 години и 244 денови станал тренер на Хамбург во 1970-та и за три сезони освоил едно 5-то едно 1-то и едно 14-то место.
Во Премиер лигата, Атилио Ломбардо го држи рекордот како најмлад тренер во историјата, откако на 32 години и 67 дена седна на клупата на Кристал Палас. Зад него беа Крис Колман во Фулам со 32 дена и 313 денови, Виали и Андре-Виљаш Боаш.
Веднаш се отворила дискусија во Германија. Од каде храброст на управата на Хофенхајм да стави млад тренер и тоа во моментот кога се последни на табелата со 14 бодови после 20 кола. Тренерот на Дортмунд, Томас Тухел изјави дека во Нагелсман гледа перспективен тренер кој многу добро ја сфаќа играта и тактиката.
Вирџилио Фосати бил најмладиот тренер во историјата на италијанскиот фудбал кога на само 20 години станал тренер на Интер, но ако се земе предвид дека тоа се случило во сезоната 1909/1910 тогаш и не е многу изненадувачки.
На 28 години, Унгарецот Липо Херцка го повел Реал Мадрид до титулата во сезоната 1931/32. Херцка можеби не е познат пример како Рој Хоџсон, денес англиски селектор, кој на 28 години ја започнал кариерата како тренер на шведскиот Халмштад. За година дена ја освоил титулата во Шведска.
Свен Јеран Горан Ериксон имаше 34 години кога со неговиот Гетеборг го освоил Купот на УЕФА. Андре-Виљаш Боаш исто го освои Купот на УЕФА на 33 години како тренер на Порто, а исто години имаше и Џанлука Виали кога го водеше Челси до пехарот во Купот на Куповите.