Таг: јулиан нагелсман

Раде: Не може голманот да е постар од селекторот, па дечкото уште е во пубертет

Густаво Алфаро е тренер од 1992-ра, кога Нагелсман имал 5 години. 25 години се разлика, а Парагвај му е трета репрезентација која ја води, како и 13 клубови. И да, Мануел Ноер е една година постар од својот селектор.

Не можеш со тоа одело во финале на Лига на шампиони

По вина на сезонава одличниот голман на Лајпциг Полјакот Гулачи, ПСЖ постигна два гола, ги олади Германците и до крај мирно го одработи пласманот во финале. Еден момент од полуфиналето западна посебно во око.

Пред 13 години Нагелсман играл кај Тухел и му бил скаут, а вечерва ќе бидат учител против ученик

Тотално неочекувано, вечерва во првото полуфинале на Лига на шампиони на стадионот „Луж“ во Лисабон ќе се сретнат Лајпциг и Пари Сен Жермен чии тренери едно време беа учител и ученик.

Германија е тоа, ништо не препуштаат на случајот

Во Бундеслигата во моментов работат 6 главни тренери помлади од 40 години. Двајца од нив - Јулиан Нагелсман и Доменико Тедеско се главни претставници на новата генерација, потекнуваат од локална тренерска школа и во 2017-та направија револуција во германскиот фудбал.

Кој е Јулиан Нагелсман, германскиот бејби Мурињо

Хофенхајм се бори за опстанок. Во таква ситуација, секој клуб за тренер би поставил испробана и проверена опција, а последно би се потпрел на тренер од своите младински категории. Но, Германците генерално размислуваат поинаку.