Од почетокот на полуфиналето сето внимание новинарите го насочија кон сјајниот тренер на Лајпциг, Јулиан Нагелсман кој очигледно треба да бара друг кројач.
Младиот и најперспективен европски тренер дојде на мечот во чудно сако и панталони, со црна кошула и тегет кравата (вратоврска де). Целиот изглед го дополниле чевлите без чорапи.
После некое време, веројатно нервозен, го соблече сакото
На социјалните мрежи се појавија теории дека тоа му бил mind-game на Нагелсман кој сакал целото внимание да го сврти кон себе и така да го отргне притисокот од играчите. Во принцип му успеало.
Спортскиот уредник на The Independent Мигел Дилејни напишал друга варијанта:
„Ако тренерот се облекува премногу елегантно за натпревар, тогаш на неговата екипа ништо не и треба. За нив веќе ќе биде празник што се тука. Само по себе во таков костим нема ништо лошо. Јас зборувам за друго нешто“.
И во право е човекот. Еве како се носеше Почетино пред минатото финале на ЛШ.
Но ова е првпат Нагелсман да се облекува вака невообичаено. Досега тој секогаш имал префинет вкус со класични бои.
Со оваа комбинација го исфрли Тотенхем од Лига на шампиони: