На Германците како да им помина модата да „одгледуваат“ врвни фудбалери. Сега сериозно вадат талентирани тренери.
Пред неколку години властите во Северна Рајна-Вестфалија во рамките на поддршката на основното музичко образование, организирало програма „Музички инструмент за секое дете“. Околу 200.000 деца во целата област бесплатно добиле музички инструмент по сопствен избор.
Нешто слично се случува и во германскиот фудбал. Секоја екипа има млад специјалист во стручниот штаб. Во моментов само пет клуба од бундеслигата ги водат странци: Двајца од нив се Хрватот Нико Ковач (Ајнтрахт) и Унгарецот Пол Дардаи (Херта), коишто само продолжија да живеат во Германија каде израснале.
Австријцте Петер Штегер (Дортмунд) и Ралф Хазенхотл (Лајпциг) не ги сметаат за целосни странци. Во лигата има уште еден таков „легионер“ - Швајцарецот Мартин Шмидт од Волфсбург.
Академија Хенес Вајсвајлер - водечки центар за подготовки на професионалните тренери во Германија
Овој „храм“ на струката е основан во 1947 година (16 години е постар од Бундеслига) и се состои од неколку првокласни тренинг терени, отворен базен со затоплување, четири-ѕвезден хотел во кој се спрема здрава храна.
Историјата на успехот на германските тренери тргнува од тука.
Легендарниот Ото Рехагел, човекот кој е синоним за германски тренер и кој стана Европски првак со Грција во 2004-та, учел во Келн од октомври 1969 до март 1970 и учел во оваа академија кога со неа раководел Хенес Вајсвајлер - еден од најуспешните тренери во историјата на германскиот фудбал во чија чест е наречена.
Јуп Хајнкес, човекот кој на Баерн Минхен му донесе тројна крупа и пехар во Лига на шампиони, на 33 години ја добил дипломата во родниот „Гладбах“. Човекот со бела коса кој правеше чуда со Баер Леверкузен, Клаус Томпелер дипломирал на оваа академија во 1984-та, Феликс Магат во 89-та. На почеток на ’2000-те Јирген Клинсман бил цимер и учел заедно со Пјер Литбарски, Матиас Замер и Јоаким Лев. Клоп тука поминал во 2005-та а после една година голем успех имал и Томас Тухел.
10-месечна обука во Академијата чини 10.000 евра без вклучен превоз и карти (центарот се наоѓа во градот Хенеф, Северна Рајна-Вестфалија). Во неа влезот е дозволен само за они кои веќе имаат тренерска лиценца од А категорија.
За да се стекнеш со оваа лиценца треба минимум една година да тренираш екипа од регионалната лига (4. дивизија) или оберлига (првенство на Шлезвиг-Голштејн).
Нема попуст ни прогледување низ прсти за ѕвездите. Светските шампиони учат со непознати ликови кои поради повреда завршиле да играат на 22-23 години или воопшто не играле фудбал. Сите редовно мора да ги посетуваат предавањата (иако е доволно присуство од 85% од часовите за да се добие Pro лиценца), за потоа да се полагаат испити.
Пред приемот, со апликантите разговара шефот на академијата Франк Вормут, двајца негови помошници и двајца психологи кои прават генерална проверка на „студентите“.
Таа се одвива во три фази: писмена задача (тест за логично размислување), 20-минутен разговор со цел да се види рамнотежата на соговорникот и двочасовен практичен тренинг со анализа на тактички грешки и нивни решенија.
Како по правило, од 80 луѓе кои се борат за 24 места во академијата, по овие проверки остануваат 20-25 апликанти. Неименувани гласовни пораки и гневни писма на адреса на управата на центарот од непримените е редовна појава. Вормут вели дека искрено жали за сите оние кои пробуваат по трет или четврти пат (има и такви), но Академијата ги бира само најдобрите.
Вормут не ги именува апликантите поради правото на приватност, но вели дека најчесто му се јавуваат ветерани кои имаат по 400+ натпревари во Бундеслига со барање за место за следната учебна година.
„Мене не ми требаат уште 24 другари и дваесетина нови контакти во телефонскиот именик. Сакам на крајот да имам образувани дипломирани специјалисти и за секој од нив да можам да гарантирам лично зошто ќе знам како стигнале и низ што поминале“, често признава Вормут, главешина на тренерската академија.
Тоа што некој е повеќе од 10-15 години во фудбалот не значи ништо. Поранешниот бек на репрезентацијата на Германија и Борусија Дортмунд, Кристијан Вернс се убедил лично во тоа:
„Кога се запишав на курсот мислев дека добро ја разбирам играта и знам се за неа. Кога изучував илјадници страни теорија, сфатив колку сум згрешил“.
Прва работа што ја прават сите студенти откако ќе го положат приемниот испит на академијата е да одат сите заедно на првиот следен голем летен турнир (Светско младинско првенство У20 или на Европско првенство). Таму учат од работата на професионалните скаути, се обединуваат во помали групи, го снимаат мечот и го анализираат материјалот.
Теоретската основа на курсот е - тактика, педагогија, психологија, физиотерапија.
„За нас е најважно знаењето кое им го даваме на студентите, да не избега од реалноста. Сакаме главниот тренер со неговите помошници да бидат на иста информациона должина. Со други зборови, нашите студенти треба да разберат за што зборува клупскиот видеоаналитичар или фитнес-тренерот, должни се да сфаќаат што доаѓа од статистичкиот оддел или кога докторите ќе пријават повреда кај играчите“, вели Брендан Бирх, еден од предавачите во центарот.
Во крајната фаза од курсот поминуваат осумнеделна пракса во еден од клубовите во бундеслигата. Тогаш се поставува прашањето зошто клубовите не се плашат да им се доверат на младите и неискусни новајлии.
Прво, секој клуб одамна има свои практиканти и се согласува да ја набљудува нивната перспектива, па дури и да стажираат кај конкурентите.
Второ, многу тимови (особено од втора лига) ангажираат тренери со диплома од академијата Вајсвајлер. Во 2011 година Рогер Шмидт уште не го завршил курсот а веќе му нуделе работа. Тој го одбрал Пардерборн и со него завршил на 5. место во втората бундеслига (најдобар учинок до тој момент во клупската историја).
Без Pro лиценца - највисока категорија, во Германија може да тренирате клуб од трета лига. Во Англија, на пример, неодамна доволно било со А категорија да работите во Чемпионшип. Сите младински секции во Германија учествуваат во програмата Talentforderung, каде има минимум два тренери со Pro лиценца.
Геце, Ширле, Ројс, Дракслер, Тимо Вернер, Кимих - сите овие бисери растеле под будно око на најдобрите млади тренери во Германија.
По стандардите на европската фудбалска унија за добивање на Pro лиценца вкупно треба да се слушаат не помалку од 240 часа предавања. Во Англија тренерите добиваат Pro лиценца после 256 часови, а во академијата Хенес Вајсвајлер учебниот курс се состои од 815 часа.
***
Доменико Тедеско 32 години
Неколку години пред да стане професионален тренер, Тедеско работел како инженер во заводот Daimer - работел на минимализација на бучавата на автомобилите Mercedes. Ја сменил професијата, но принципите на работа му останале исти.
Како актуелен тренер на Шалке, Тедеско е најголемо изненадување во Германија - тимот од Гелзенкирхен е втор на табелата и тоа без лидерите кои заминаа - Хеведес, Колашинац и Хунтелар.
До преминот во Гелзенкирхен, Тедеско во професионален фудбал како тренер имал 11 натпревари: го спасил Ауе од испаѓање од втората лига. Во 2015-та Тедеско и уште една тренерска сензација во Германија, Јулиан Нагелсман заедно пристапиле во академијата Вајсвајлер.
„Веднаш беше јасно дека и двајцата се многу талентирани. Доменико секогаш седеше на последното столче позади, ретко дискутираше, цело време пишуваше во тефтерот. Јулијан доаѓаше со мотор, сакаше да биде чуен и виден, беше гласен, дебатираше со предавачите и неговите одговори траеја по пола час. Тогаш не сфатив дека Јулиан подробно се интересира за игра со тројца стопери. Сега кога го гледам Хофенхајм, така игра“, вели Патрик Вајзер, еден од ’курсаџиите’.
Тедеско таа година станал најдобриот ученик на академијата со оценка 1,0 и денес го води Шалке во Лигата на шампионите. Нагелсман беше прогласен за најдобар тренер во Германија.
36-годишниот Ханес Волф во последните четири години редовно победувал на сите младински и јуниорски турнири со Дортмунд У-17, У-19, а минатата година од сениорите на Штутгарт направи најдобра екипа во втората германска бундеслига.
„Швабите“ брзо сфатиле колку голем стручњак е Волф и му го продолжиле договорот на уште две години. Во 2009-та година Јирген Клоп бил под силни импресии по средбата со Ханес и на една гала-вечера го дознал неговиот телефонски број. Му се јавил и после две недели во 2009-та Волф ги тренирал младинците на Борусија.
На 25 години Ханес го водел малку познатиот клуб Аплербек (екипа од Дортмнд) и ја поразил Борусија на една пријателска средба.
„Се сеќавам дека подготовки имавме во Холандија. Три дена игравме на плажа. За фудбал немаше никаков збор. Волф закопуваше камења во песокта, а играчите беа должни да ги најдат и брзо да истрчаат од една до друга контролна точка. Си мислев во себе: ова не е тренинг, ова се игри за деца. Но екипата благодарение на таа техника брзо влезе во ритам. Немате претстава колку гледачи имаше на плажа во тој момент“, се сеќава шефот на Аплербек Хајнер Бруне.
Волф успешно ја завршил академијата Вајсвајлер во 2012-та и бил еден од најдобрите студенти.
Мајнц во последните 10 години главниот тренер за прв тим го наоѓа во младинските категории. Еднаш спортскиот директор на клубот Кристиан Хајдл ја убедил управата дека Томас Тухел кој ја води генерацијата У-19 заслужува зголемување на платата.
Од тој момент Мајнц наоѓа стручњаци од сопствената академија. Сандро Шварц актуелниот тренер е четврти на тој список после Клуп, Тухел и Шмидт. А уште нема ни 40 години.
Во Бремен се плашеле да му дадат доверба на 35-годишниот Флориан Кофелдт, па прво потпишале со него договор до 31 декември, но пред крајот на годината Вердер под негова палка се разигра, влезе во четвртфиналето на Купот на Германија и Кофелдт заслужи да биде главен тренер до крајот на годината.
Растечката млада здрава генерација ги нервира постарите колеги. Шампионот на Германија од 2007-ма Армин Фех поради новиот тренд на талентирани „лап-топ“ тренери, две години седел без работа и на крајот прифатил да биде спортски директор во Келн.
Мирко Сломка, Холгер Станиславски, Михаел Фронтцек, Бруно Лабадија и Томас Шаф исто мака мачат да најдат работа. Одамна никој не ги вика и шансите да ја возобноват тренерската кариера секоја година им се се помали.