Баерн во 15' минута водеше 0:3, на полувреме се отиде со резултат 0-4. Во 78' минута веќе беше 0:6. Но на трибините и теренот се случуваше нешто чудно.
Во вториот дел мечот на два пати беше прекинат: прво во 66' минута навивачите на Баерн Минхен извадија пароли против Дитмар Хоп, сопственикот на Хофенхајм.
„Дитмар Хоп уште си курвин син“, пишуваше на едниот банер.
Судијата го прекина мечот, а кон трибината каде беа гостинските навивачи отидоа фудбалерите на Баерн и побараа банерот да се тргне.
1. La afición del Bayern sacó una pancarta insultando al dueño del Hoffenheim: el partido se paró y la plantilla se enfrentó a sus hinchas.
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) February 29, 2020
2. Tras reanudarse, volvió a sacar otra pancarta: el árbitro suspendió el partido. #LaCasaDelFútbol pic.twitter.com/mCsF9Eij5s
Во исто време, Карјл-Хајнц Румениге, легендата на Баерн во вип ложата му се извинувал на Хоп за вулгарниот однос од навивачите на Баерн.
Навивачите на Баерн го тргнаа тој банер, но после 10 минути извадија нов. Сега не го спомнуваа директно Хоп, но со буквите D и H обележани во сино (боите на Хофенхајм и алузија на првите букви од името и презимети Дитмар Хоп) напишале Du Harensohn („Курвиниот син“). Јасно беше кому е наменета.
Судијата не само што ја прекина играта, туку и ги прати играчите на двата тима во соблекувалните. Цел Хофенхајм со се клупата за резерви замина во соблекувалните.
Играчите и луѓето од управата на Баерн бараа од навивачите да го тргнат банерот. Кон нив дојде и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и генералниот директор Оливер Кан.
На терен се симнаа и Дитмар Хоп и Румениге, а претседателот на советот на директори на Баерн дури и отиде кај навивачите лично.
После 10 минути екипите се вратија на терен и почна најинтересното: Фудбалерите на двата тима просто си ја додаваа топката откако продолжи мечот и 15 минути до крајот не правеа никакви акции кон противничкиот гол. Во знак на револт кон навивачите на Баерн.
Lo nunca visto: Hoffenheim y Bayern deciden jugar los 15 minutos que faltan... pero pasándose el balón entre ellos a modo de denuncia por lo sucedido. #LaCasaDelFútbol https://t.co/9guzORu3EP pic.twitter.com/8bLXZ5GhOG
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) February 29, 2020
За овој гест сите играчи на теренот добија аплаузи од останатиот дел на стадионот.
После мечот сите заедно отидоа пред домашните навивачи, а Румениге го гушна Хоп.
ЗОШТО ВО ГЕРМАНИЈА НЕ ГО САКААТ ХОП?
Дитмар Хоп е еден од најбогатите луѓе во цела Германија. Тој е сопственик на најголемиот дистрибутер на тв права во земјата SAP AG. Во младоста играл за младинците на Хофенхајм, а во 1990-та година го купил овој клуб.
Од тогаш до денес, тој во Хофенхајм вложи стотици милиони евра. Буквално од мала, анонимна екипа, направи сериозен бундеслигаш кој играше и во еврокуповите.
Во Германија навивачите и јавноста не ги сакаат клубовите со кои владее само еден човек. Речиси сите останати клубови се држат до правилото 50+1, односно повеќе од пола места во советот на директори треба да им припаѓаат на претставниците на клубот, а некомерцијална клупска организација треба да поседува минимум 50% и плус уште една акција.
Но Хоп го купил Хофенхајм пред воведувањето на ова правило во 1998-ма година, а во 2015-та година стеканл право да купи 96% од акциите на Хофенхајм. Ова ги разгневило навивачите на другите клубови кои се држат до витешкиот фер плеј.
Во последните неколку години најголема мета на овој гнев беше РБ Лајпциг, клуб спонзориран од Ред Бул.
Во декември минатата година навивачите на Борусија Дортмунд извадија банер против Дитмар Хоп, а тој во одговор на тоа им ставил забрана за влез на навивачите на Дортмунд на стадионот во Зинсхајм.
Минатата недела и навивачите на Борусија Менхенгладбах ја поддржа акцијата против Дитмар Хоп.
Но нив ги критикувал спортскиот директор на Менхегладбах, Макс Еберл:
„Многу ми беше срам за овој банер. Се коси со вредностите на нашиот клуб. Тоа беа 50 глупави луѓе кои веќе не сакаме да ги видиме на стадионите“, остро ги нападнал ултрасите на Борусија, спортскиот директор на овој клуб.
Управата на Баерн жестоко одговорила на оваа акција на навивачите. Најголемата подгрупа го изгубило официјалниот статус фан-клуб и привилегијата за карти за сите натпревари сезонава. Извесно е дека Баерн ќе биде казнет од лигата затоа што поради акцијата на нивните навивачи мечот два пати бил прекинат.