Фудбалскиот пат на Ведад Ибишевиќ

Босанецот од Бундеслигата кој најмногу ги помага бегалците

Додека по куќата им светело црвено снајперско светло, Ведад морал да ја смирува малечката исплашена сестра да не плаче за да не ги откријат кај се. Патот од Швајцарија и САД го носи во Франција, а на крајот фудбалските и човечки квалитети ги докажува во Германија.

Ведад Ибишевиќ памети како мајка му копала јама за него и за сестра му. На нешто повеќе од пола метар длабочина како во гроб, ставиле перници и ќебе. Додека Мирсад Ибишевиќ копал, седумгодишниот Ведад бил задолжен да ја смири тригодишната сестра. Ако заплачела, би можеле да ги слушнат хрватските или српските војници од другите страни на фронтот.

Ведад и неговото семејство имале среќа. На тој ден еден од најдобрите босански фудбалери во историјата добро се сеќава.

За време на војната од 1992-1995 година, во селото на неговата мајка биле убиено 11 луѓе а меѓу нив и дедо му на Ведад. Селото на татко му изгорело до темел. Бегајќи од војната, семејството Ибишевиќ стигнала до Тузланскиот кантон во Босна каде било помирно. Клучевите од домот, мајка му на Ведад ги дала на српски војници кои ја чувале куќата како логор за бегалци.

Во Тузланскиот кантон Ведад се запознал со тренерот на децата Незвет Хасанбашиќ кој го уверувал дека еден ден ќе стане професионалец. Кога Незвет еднаш му подарил касета со убави песни да го инспирираат, на омотот од касетета пишувало:

„Уверен сум дека ти си роден да станеш познат". Незвет сигурно не можел да знае дека Ибишевиќ ќе стане ѕвезда, само сакал на децата да им даде некоја надеж преку фудбалот и утеха во време на војна. Да заборават на околностите.

После седум години во Тузланскиот кантон, Ведад сфатил дека никогаш нема да може пристојно да заработи ако остане во Босна и со семејството заминал во Швајцарија.

Таму имало мала разлика: бегалските кампови биле подобри, но проблемите со пари биле исти. Кога Ведад наполнил 16 години, со фамилијата се преселиле во САД, во Бево-Мил. Сент Луис станал дом на многу босански мигранти и таму сега е најголемата босанска заедница надвор од Европа.

На Универзитетот во Сент Луис, Ибишевиќ брзо станал еден од најдобрите фудбалери, давал гол скоро на секој меч и наскоро го дознале многу американски скаути. Ведад за кратко време влегол во радарот на Пари Сен Жермен кој тогаш го тренираше легендарниот Вахид Халилхоџиќ (поранеше играч на ПСЖ).

Парижаните не се двоумеле и му понудиле на Ведад да се врати во Европа. На промоцијата во Париз раскажал дека во Америка за цели три години никому не зборувал низ што поминал во животот.

Ибишевиќ не успеал да го покори Париз - најголем дел од престојот таму бил позајмен во Дижон. Од Франција се сели во Германија каде потпишал договор со Алеманија која во истата сезона испаднала од Бундеслигата. За својот тежок фудбалски почеток Ведад изјавил:

„Ова не е ништо во споредба со тоа кога се криев зад дрва од наоружани војници кога бев дете".

Од Алеманија, следна дестинација на Ибишевиќ му беше Хофенхајм, далеку посреден и поголем клуб кој за шест месеци стана најголемата европска сензација. Првата полусезона 2008/2009 Хофенхајм, штотуку промовиран во Бундес ја заврши како есенски шампион на Германија а Ибишевиќ постигна неверојатни 18 голови на 17 меча!

Сите помислиле дека Босанецот може да го сруши рекордот на Герд Милер кој во една сезона дал нереални 40 голови.

„Ретко постои центарфор со таков инстинкт за гол. Или си роден со тоа или не си. Може да тренираш 24 часа дневно, но тоа не се учи", упати сериозни комплименти легендарниот Герд Милер на сметка на Ведад.

Милер како да го урочи Ибишевиќ кој набрзо се повреди и ја пропушти речиси цела втора полусезона. И покрај тоа Ибишевиќ стана расен стрелец кој до тој момент во кариерата веќе имаше 129 голови на 340 средби. Но главниот гол во кариерата на експлозивниот напаѓач падна на 15. октомври 2013 година кога со неговиот погодок против Литванија, Босна и Херцеговина за првпат во историјата се пласираше на Светско првенство.

Следната 2014-та, Ведо се прослави со историскиот прв гол на Мундијалот во Бразил за БиХ и тоа против Аргентина на Меси, Игуаин и Ди Марија. Урлаше од среќа цела Босна:

Зборовите на детскиот тренер на Ибишевиќ, напишани на опаковката од касетата се остварија.

***

Берлинскиот аеродром Темпелхоф - легендарно место. Изграден на бојно поле кое го газеле германски и руски чизми. Изграден во 1927. година, аеродромскиот терминал е рангиран меѓу првите 20 најголеми зданија на планетата од каде полетувале авиони на Lufthansa. Во 1948-49, аеродромот бил центар на Берлинскиот воздушен мост. Но кратката писта го ограничувала капацитетот на аеродромот и тој изгубил на значење во '70-те години, а во 2008-ма бил затворен.

Денес на територијата на поранешниот аеродром се наоѓа еден од најголемите бегалски кампови во цела Германија.

На почетокот на годината, властите планирале таму да го изградат најголемиот бегалски камп во Европа - со капацитет за 7.000 луѓе. Денес Берлинците според новиот план бараат ново место за престој на бегалците и веќе нема да пуштаат во Темпелхоф.

Но во секој случај планот нема да се реализира пред 2017-т година, а пари за бегалците се потребни во секој момент. Неодамна Ведад Ибишевиќ донирал 50.000 евра за бегалците кои се на територијата на Темпелхоф.

„Одамна сакав да им помогнам, затоа што разбирам као им е. Граѓанската војна на Балканот од мене направи дете-бегалец против својата волја", изјави Ведад кој има договор со Херта Берлин до 30. јуни 2017-та.

Bild раскажуваше дека со парите ќе се помогне во изградба на спортска сала, кафуле, соба за курсеви по германски јазик и курсеви по интеграција. Освен тоа, се гради и информационата сала која што најмногу ќе им помогне на оние кои бараат било каква работа.

„Кога бегалците доаѓаат во Германија, за нив тоа е културолошки шок. Сакам да им помогнам брзо да се интегрираат во друштвото. Можеби затоа што и самиот бев бегалец, знам низ што поминуваат тие луѓе", вели Ибишевиќ за Bild.