НЛБ Банка преку Окта до прва победа

Стартуваше 6. коло во Бизнис лигата на Македонија во кое победија издвоија Лукоил, Адмирал и НЛБ Банка.

Во дефанзивна игра Лукоил до победа над Сава Осигурување
Лукоил 4-0(3-0) Сава Осигурување
Лукоил: Жарко Климкаров 7’ 15’ Дејан Зиков 8’ Александар Аврамоски 40’
Шесттото коло го отворија екипите на Лукоил и Сава Осигурување.

И двете екипи овој дуел го играа доста дефанзивно чекајќи да поентираат на противничка грешка. Во ваквата игра екипата на Лукоил беше повнимателна па успеа да стекне солидна предност до полувремето кое го заврши со 3-0. Сава Осигурување и во второто полувреме настапи со идентична поставеност по што не можеше да изгради отворена шанса за гол па во ваквата игра го загуби овој натпервар со конечен резултат од 4-0.

Адмирал ги искористи исклучувањата за побда над Оне.ВИП
Оне.Вип 3-5(3-3) Адмирал
Оне.Вип:Илија Трајковски 3’ Мартин Ангеловски 10’ Антонио Апостоловски 12’
Адмирал: Стефан Аврамовски 3’ Горан Грковиќ 10’ Ненад Лазаревски 18’ Јован Качевски 20’ Спасе Новковски 23’

Екипите на Адмирал и Оне.Вип одиграа крајно израмнето прво полувреме натпреварот го отвори Оне.Вип преку Илија Трајковски во третата минута а само за неполна минута на тоа возврати Адмирал преку Стефан Аврамовски. Идентично беше и во десетата минута кога за Оне.Вип гол постигна Мартин Ангеловски, а за Адмирал возврати Горан Грковиќ. Во понатамошниот дел од полувремето Оне.Вип дојде до водство од 3-2, но блгодарение на играчот плус по грубиот старт Адмирал израмни на 3-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Адмирал уште на самиот старт преку одлично контролиран напад успеа да стекне предност од 3-5 по што по груб старт остана со играч помалце. Оне.Вип оваа ситуација не успеа да ја искористи за намалување на водството и фаќање на резултатски приклучок па на крајот го загуби овој натпревар со 3-5.

НЛБ Банка преку Окта до првата победа во Бизнис Лигата на Македонија
НЛБ Банка 7-3(6-1) Окта
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 3’ Фарук Биљали 4’ 5’ 18’ 20’ 31’ Саше Стојчевски 19’
Окта: Живко Котевски 8’ Драганчо Ѓеорѓиевски 22’ Александар Јовчевски 23’

НЛБ Банка во дуелот со екипата на ОКТА влезе мотивирано и уште на самиот старт со сериозен пристап успеа да воспостави своја игра преку која дојде до водство. Окта не можеше да го прати ритамот па на полувремето НЛБ Банка имаше водство од 6-1. Второто полувреме екипата на Окта го започна со голман-играч што се покажа како вистински потег преку кој успеа за неполни 3 минути игра да го намали резултатот на 6-3. Но екипата на НЛБ Банка со цврста одбрана не дозволи пресврт и го доби овој натпревар со 7-3.

8 ноември 2016 - 09:40