До 31 победа во Лигата на шампионите од учеството во кремот на европскиот ракомет, Вардарки стигнаа на полесен начин од очекувањата. Девојките кои од клупата веќе две недели не ги предводи Индира Кастратовиќ го отворија гостувањето во Русија до 4-0 а набрзо 6-2.
Тоа како малку да ги опушти македонските шампионки кои во далечниот Астрахан му дозволија на домаќинот со четири врзани гола да го израмни резултатот на 6-6. Иако Вардарки до паузата играа мошне офанзивно и отворено, се играше гол за гол, а Постнова ги постави на полувреме конечните 13-14.
Како на стартот од првиот дел, така и во второто полувреме скопскиот состав направи две убави серии и најпрвин се одлепи на 14-17, а набрзо и на 16-19. Иако домаќинките немаа намера да се предадат, во таа намера ги разубеди Андреа Пенезиќ која попладнево блескаше со ефектни голови од далечина и беше најзаслужна за високата предност од 20-25.
Чигирова со два гола едно по друго само ја намали позитивата на „црвено-црните“, но до крајот во последните 30 секунди од мечот Андреа Пенезиќ го постигна својот 10 гол на натпреварот за конечен резултат 31-26.
Во следното коло, на 5 ноември во Скопје гостува Астраханочка, и на тој меч Вардарки ќе можат да го потврдат пласманот во Главната фаза од ЛШ.
Астраханочка - Вардар 26-31 (13-14)
Астраханочка: Сисенова 2, Постнова 4, Сорокина, Иванова, Сабирова 8, Левша 1, Видрина, Ваганова, Чаплугина 2, Чигирова 5, Трусова 1, Шичкина 3, Игнатович, Зеленова, Кожокар, Јемеланенка.
ВАРДАР: Радичевиќ 3, Кликовац, Херем 1, Мавсар 6, Дамњановиќ 4, Лејно, ЛАзовиќ 4, Алтхаус 2, Илина, Пенезиќ 10, Човиќ 1, Лакрабер, Хмирова, Песоа, Ристовска.