Тренерското деби на Камара, довчерашниот помошник на клупата на Вардарки мина и повеќе од успешно откако македонскиот првак вечерва одигра атомски ракомет против првакот на Русија, Астрахоночка.
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.