Еден од статистичките податоци поврзан со Лига на шампиони на кој наидовме денеска вели вака:
Арсенал се квалификуваше 14-ти пат по ред во нокаут фазата од Лига на шампиони и само Реал Мадрид со 19 пати по ред е поуспешен во тоа од нив.
Успех кој воопшто не е за занемарување, особено ако се знае дека тоа што им успеало на Топџиите не им успеало на клубови како Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус, Милан, Интер, Манчестер Јунајтед, Челси и ред други гиганти од европскиот фудбал.
Во второто коло од Премиер лигата, тимот на Арсен Венгер загуби на домашен терен од Ливерпул 3:4 и тоа е единствениот меч за кој смее некој да го критикува, бидејќи тоа практично им е единствен пораз сезоната на сите фронтови.
Арсенал во моментов е влезен во луда серија на последните 15 меча на кои има 13 победи, 3 нерешени и ниту еден пораз, а гол разликата им е 37:9. Овој скор им ја носи лидерската позиција во Премиер лигата која ја делат со Манчестер Сити и Арсенал, а во ЛШ се во нокаут фазата две кола порано.
Ова се нивните 15 последни резултати:
Премиер лига
Лестер – Арсенал 0:0
Ватфорд – Арсенал 1:3
Арсенал – Саутмптон 2:1
Лига на шампиони
ПСЖ – Арсенал 1:1
Премиер лига
Хал Сити – Арсенал 1:4
Лига Куп
Нотингем Форест – Арсенал 0:4
Премиер лига
Арсенал – Челси 3:0
Лига на шампиони
Арсенал – Базел 2:0
Премиер лига
Барнли – Арсенал 0:1
Арсенал – Свонси 3:2
Лига на шампиони
Арсенал – Лудогорец 6:0
Премиер лига
Арсенал – Мудлсброу 0:0
Лига Куп
Арсенал – Ридинг 2:0
Премиер лига
Сандерленд – Арсенал 1:4
Лига на шампиони
Лудогорец – Арсенал 2:3
Арсен Венгер треба да биде среќен што во тим го има човекот со најмногу асистенции и креирани шанси во Премиер лигата од 2013-та, кој синоќа го постигна еден од најубавите голови во ЛШ.