11 меча. 8 победи. 2 нерешени. 1 пораз. На врвот на табелата Ливерпул е прв првпат после мај 2014 година. 30 дадени голови - најдобар учинок од сите во лигата. 168 создадени шанси, толку има само Сити. 71 гол Ливерпул даде во 2016 година. На 15 меча со Клоп од кои на неколку дадоа повеќе од четири гола (пет пати само сезонава). Три меча на кои победуваа со шестка - 6:0 против Астон Вила, 6:1 против Саутемптон и на крај викендов против Вотфорд 6:1.
По вчерашното шоу на „Енфилд“, кога Сенегалецот Садио Мане’ излегувше од игра, од Копот се слушна: „“If we still had Suárez, he’d be on the bench.”
Иако е само ноември, а навивачите на Ливерпул не можат да ги заборават духовите од минатото едноставно тимот игра неверојатен фудбал.
Јирген Клоп направи неколку трансфери со кои успеа на „Енфилд Роуд“ да го направи најмоќниот состав за последните пет-шест години. Навивачите брзо се навикнаа на животот без Џерард, Стрелинг, Сако. Ако се сеќаваат какви луѓе играа на „Енфилд“ пред шест години (Даунинг, Нгог, Адам, Спеаринг, Коатес), тогаш ги разбираме секој пат кога им се плаче кога ќе им текне на тој очаен тим.
Јирген Клоп денес има убиствено напаѓачко трио: Кутињо, Фирмино, Мане’ и ништо помалку класни фудбалери во Стариџ и Лалана кои секогаш може да се движат многу повеќе. Клип има многу моќен триаголник на средината: Лалана, Вејналдум и Хендерсон. Но и него е можно да го уредува со Џан, Лукас и Милнер кои исто трчаат многу.
Во одбраната стопери се Матип и Ловрен а во ситуација кога нема адекватна замена за бекот Клајн, тогаш Милнер таму одработува маестрално. За јануари Клоп најави уште едно засилување.
На тој начин Јирген Клоп го направи најразновидниот состав на Ливерпул во последните седум-осум години, а потоа изгради игра на позиционен напад, пресинг, прејде на системот 4-3-3 во кој одлично се снајде и Адам Лалана, го врати Милнер во одбрана и го запали фитиљот.
11 меча, 30 голови и 168 создаени шанси.
Ливерпул 2016 важи и за најалтруистички состав во кој никој не се буни, не плете интриги или завера. Тимот е совршен склоп во кој не постои јасно дефиниран лидер со големо его или незаменлива ѕвезда како Азар или Златан.
Тимот има хемија и далеку е од оние состави на Ливерпул од минатото кога имаше обиди да се преземе лидерската улога, нешто во духот на минатогодишниот Челси. Барем однадвор Ливерпул делува дека тимот дише како еден. „Црвените“ веќе не зависат од еден играч. На 14 меча сезонава дури 13 различни играчи давале гол од кои 10 во Премиер лигата. Кутињо постигна пет гола и има пет асистенции на 11 средби. Мане’ даде шест гола со две асистенции, Фирмино има пет гола и пет асистенции на 10 меча. Лалана постигна три гола и има пет асистенции на 11 натпревари.
Единствен лузер? Даниел Стариџ. Според многу навивачи на Ливерпул Дани како себична ѕвезда веќе нема стандардно место во тимот и следното лето би можел да замине.
За почетните три месеци од сезоната 2016/2017, Ливерпул играше против Арсенал, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челси и собра 8 бода од дуелите со главните конкуренти. Следен предизвик им е Сити на 31. декември и прашањето околу учеството на Мане’ на Африканскиот Куп на нации и сериозната повреда на Дани Ингс.
Изминатото лето на „Енфилд Роуд“ дојдоа седум фудбалери а тројца од нив веќе станаа клучни играчи во тимот (Вијналдум, Мане’ и Матип). Лорис Кариус покажува дека Мињоле не седи залудно на клупата и секој меч брани со се повеќе самодоверба.