Скандалите со претседателот, трансферот на Нејмар со затајување данок, како и привлекувањето на малолетни играчи, ги натераа функционерите на Барса да зборуваат шепотејќи и да разглабаат за трансфер мети преку јазик со знаци
Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.
Додека по куќата им светело црвено снајперско светло, Ведад морал да ја смирува малечката исплашена сестра да не плаче за да не ги откријат кај се. Патот од Швајцарија и САД го носи во Франција, а на крајот фудбалските и човечки квалитети ги докажува во Германија.
Еден од најдобрите португалски фудбалери кои станаа европски прваци, Андре Гомеш после ланскиот дебакл на Валенсија 7-0 од Барселона, решил да продолжи на тренинг истата вечер затоа што не можел да се погледне во огледало. Партиите против Реал и Барса му беа врвни.
Има голмани и голмани. Овој е од типот на Рожерио Сени, Валдерама, Рене Игита, Габор Кирали кои на свој уникатен начин оставија впечаток. Кога ќе го видите ќе се исплашите. Се здебелил како прасе. Ама уште брани.
Америка, што ти е бе проблемот? Јас сум Хилари Клинтон. Јас сум политички вуднеркинд, и тоа сум уште од 16 години. Имам ненормална мрежа на моќни пријатели. И спремна сум следните 8 години да ги минам справувајќи се со срања од сите страни, сè за да можам да ја средам ебанава држава за тебе. А сè што треба да направите вие е еден ден во ноември да го мрднете газот.
Старата Дама денес и официјално го претставува најголемото засилување во последните неколку сезони. Аргентинецот Игуаин имал на маса понуди од Арсенал, ПСЖ и Кина, но решил да премине во омразениот клуб на Наполитанците. Зошто?
Да одмориме мозок малку од цифри, 90 милиони, 120 милиони, Игуаин, Погба и слично. Одиме со една куса и човечна приказна која за жал малку клубови во светот ја прават, а едноставна е и целта е една и единствена. Усреќи го детето.
Летото 2014 народ си најде занимација и оправдување да се полеваат со вода по основа на кревање свесност околу Лу Гериг болеста (АЛС). Неодамна е објавено дека фондовите од Ајс бакет челинџ помогнале во откривање на еден од гените кои ја предизвикуваат болеста.
И покрај тоа што важеше за моќна и богата франшиза, Орландо не направи ништо по прашањето да го задржи Шекил во своите редови. Ја докажуваа својата надмоќ со тоа што ја критикуваа неговата игра и на крајот Шек реши да потпише со Лејкерс каде направи империја.
Дека бразилскиот напаѓач располага со топовски удар уште од поодамна, покажува ова видео каде е со сосема друг имиџ, кој не го паметиме од времето кога играше во Јапонија меѓу 2005-та до 2008-ма. Хулк денеска полни 30, а Јапонците направија кусо видео со две голчишта од него.
Познатите и славни фудбалери денес заработуваат толку многу што може да си приуштат буквално сè. Но имало времиња кога носеле молерски костуми и весници на глава, влечеле количка со малтер или работеле како кондуктери во градски превоз.
Меѓународниот олимписки комитет излезе со нови резултати од допинг тестовите. На последните две летни Олимпијади евидентирани се вкупно 45 позитивни случаи.
Секако, тој го научи светот многу нешта - како се пишува, и пред сè, како треба да се чита. Но неговиот придонес се прелева и вон книжевноста. На пример во фаќањето туни на Карибите, ловењето крупен дивеч во Африка, или во фината област на алкохолите.
Прво дојде армискиот хеликоптер од кој се истоварија војници кои се обидоа да ја заземат телевизијата. По нив дојде полицијата со панцири и автоматско оружје, која упадна во канцелариите обидувајќи се да ги уапсат војниците. На крај беше толпата од 200 луѓе кои извикувајќи "Господ е голем" упаднаа во телевизијата сакајќи да ги распарчат младите војници, пишува дописникот на Базфид од Турција, Барзу Дарагахи.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа два пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, а ги раководеа реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски.
Десетици само што дипломирани студенти на академијата на ФСБ (екс-КГБ) може да се поздрават со дискретна кариера, откако одлучија дипломирањето да го прослават снимајќи спот и позирајќи на фотографии за алкохол. И сето тоа природно да го објават на Јутјуб.
Кина постави цел: пласман на Мундијал и Олимписки Игри и освојување на Светско првенство. За таа цел не жалат пари и минуваат низ вториот бран астрономски трошења во фудбалот.
Некогашниот најголем талент на европскиот фудбал, Џо Кол во англиската Премиер лига за последен пат го видовме на 2. мај 2015 година кога потпиша со Астон Вила. Набрзо Вила го прати во трета дивизија каде до мај годинава играше за Ковентри. Во моментов игра за американскиот второлигаш Тампа Беј во лига со 9 клубови од САД, 2 од Канада и 1 од Порто Рико.