Шупци, само да ве потсетам која сум

Америка, што ти е бе проблемот? Јас сум Хилари Клинтон. Јас сум политички вуднеркинд, и тоа сум уште од 16 години. Имам ненормална мрежа на моќни пријатели. И спремна сум следните 8 години да ги минам справувајќи се со срања од сите страни, сè за да можам да ја средам ебанава држава за тебе. А сè што треба да направите вие е еден ден во ноември да го мрднете газот.

„Дааа, ама што е со мејловитеее???“ Прекини бе. Сериозно, затни се и ислушај ме една ебана секунда.

Еве што треба да знаете за мене:

1. Во 1992 изјавив дека сум горда што ја следев мојата кариера, наместо да седам дома и да правам колачиња.

2. Републиканците стално ме малтретираа за тоа. И успеаа да ме натераат едно време да правам колачиња. Ама уплашени се од мене.

3. Секој пат кога имам некоја работа, сите ме сакате. Секој пат кога сум одговорна за некоја позиција, републиканците вадат тешко наоружување и скроз ме сјебуваат. И ова очигледно им успева.

Ама знаеш што? Не ми чуе. Ако ме болеше што мислат хејтерите, имаше да се откажам уште пред децении.

Сакаш да знаеш зошто продолжувам да се борам? Затоа што сите се залагаме за истите срања. Сакаме економска и расна правда, сакаме сериозно да ги нападнеме климатските промени, сакаме секој да може да си дозволи колеџ и здравствена заштита и дом и храна, сакаме жените да бидат третирани како луѓе, дрн дрн дрн.

И јас сум единствениот човек во ебанава земја кој може ова да го направи.

Затоа што нормално дека можам. Затоа што цел мој ебан живот се спремам за работава. Па прекинете да ме терате да шизам кај Елен и ајде веќе еднаш дајте ми шанса.

Ако изгледа како да имам презир кон просечниот американски гласач, тоа е затоа што стварно имам. Искрено, најголемиот дел од вас сте глупи. Најголемиот дел од вас нема поим што треба за да се води земја. Па дај молим те, скоро пола мислите дека Земјата настанала пред 10.000 години!

Кој кур ви е?

Пази, ова е веќе Прва лига. Ако мислиш дека некој проблем има решение што го собира во твит, тогаш грешиш. Ако мислиш 'ѕид на границата' или 'муслимани = лошо' ќе ги реши нашите проблеми, тогаш немам време за твоите срања.

Ова буквално е причината зошто имаме претставничка демократија. Знам дека не сакаш да читаш долги и досадни работи. Па затоа јас го правам тоа за тебе, и разговарам со еден куп паметни луѓе, и наоѓам решенија што функционираат. Еве го моето решение за енергијата. Еве го моето решение за Вол стрит. Еве го моето решение за невработеноста. Имам цели папки полни со вакви срања и знаеш дека не те лажам. Америка, немаш поим колку сум спремна.

Републиканците само што ја потрошија цела своја конвенција фантазирајќи како буквално ќе ме затворат. Преплашени се. Знаат што можам да направам.

Цел живот го минав копајќи низ систем кој е преплашен од промена. Систем кој само сака да ги остави белците богаташи да бидат белци богаташи. И само да ви кажам дека не ни можевте да ми изберете подобар противник.

Па дајте да се одјавам со иста поема од Ненси Шајбнер што ја цитирав во 1969 (кога го одржав поздравниот говор на моето дипломирање).

My entrance into the world of so-called "social problems"
Must be with quiet laughter, or not at all.
The hollow men of anger and bitterness
The bountiful ladies of righteous degradation
All must be left to a bygone age.
And the purpose of history is to provide a receptacle
For all those myths and oddments
Which oddly we have acquired
And from which we would become unburdened
To create a newer world
To translate the future into the past.
We have no need of false revolutions
In a world where categories tend to tyrannize our minds
And hang our wills up on narrow pegs.
It is well at every given moment to seek the limits in our lives.
And once those limits are understood
To understand that limitations no longer exist.
Earth could be fair. And you and I must be free
Not to save the world in a glorious crusade
Not to kill ourselves with a nameless gnawing pain
But to practice with all the skill of our being
The art of making possible.

@shitHRCcantsay
SHIT HILLARY CANT SAY
(пародичниот Твитер профил на Хилари Клинтон)

виа

п.с.
Видеото од гостувањето на Хилари кај Елен:

27 јули 2016 - 14:14