„Работев како советник на агентот на Шек, Леонард Армато кој ми беше шеф пред да заминам во друга агенција. Позицијата советник ми даваше место на масата за време на најголемиот договор што сум го видел во 16 годишната кариера. Ништо не најавуваше дека Орландо ќе го загуби О’Нил. Сè беше готово тој да остане“, се сеќава Кори во статијата за порталот каде денес работи.
„На почеток, целата дискусија беше фокусирана на останување на Шек во Орландо. Како што напоменав тие беа спремни да понудат и повеќе од било кој друг, не само во обидот да изградат династија со потенцијалниот Hall-of-Fame Пени Хардавеј, туку и со фактот дека можеа да му дадат најмногу пари“, раскажува Џоел Кори.
Меџик му понудиле почетна понуда од 54 милиони долари за четири години, далеку од 105-милиони долари тешките договори за седум години кои ги имале Алонзо Морнинг и Хуван Хауард кој го добиле тоа на маса од Мајами Хит и Вашингтон Булетс.
Но тоа не било најпонижувачкото, затоа што иако Меџик му понудиле 13,5 милиони долари годишно без можност за споразумен раскин на истиот после три години, Шек сакал нешто поблизу до 20 милиони долари годишно со опција за раскин после третата година.
Раководните луѓе на Орландо како да не биле свесни дека зборуваат за дечко кој во првите четири години во НБА лигата веќе ја добил наградата Руки на Годината и титулата најдобар стрелец и три пати бил биран во тимот на годината, за малку не ја освоил наградата МВП и го повел Орландо до финалето по триумфот над Мајкл Џордан.
И покрај сето тоа, управата на Орландо се дрзнала да го критикува кошаркарот кој имал повеќе скокови на натпревар за неговиот 4-годишен престој во Меџик (12,5), отколку за осум години во Лејкерс (11,8). Тоа требало да биден важен фактор.
Дали може да замислите Оклахома да му пријдеше на Кевин Дурант и да му кажеаа: „Да, Кевин, ти си фантастичен шутер и се, ама некако одбрана не играш". Глупости.
Таа 1996-та година слободни агенти меѓу ѕвездите биле половина членови на Куќата на Славните, Џордан, Морнинг, Дикембе Мутомбо, Реџи Милер, Гери Пејтон и Денис Родман. Во тоа време, вели Кори, најважно било ако го немаш Џордан, мора да имаш доминантен голем човек а Шек бил сметан за најдобар центар во тој момент во цела НБА.
Орландо во свои раце ја имал неговата приврзаност кон клубот, неговиот страшен учинок на паркетот и опцијата да го задржат, но не, тие решиле да покажуваат кој е кој со тоа што ја критикувале неговата игра. Наводно Пени Хардавеј бил приоритет во моментот.
„Од тој момент почнавме да бараме алтернативни решенија како втор план. Јас бев задолжен да најдам некој што ќе му даде предност на Шек во преговорите. Идејата беше следна: Да најдеме тим кој може да понуди 7-годишен договор на 100 милиони долари со можност за споразумен раскин после три сезони", вели Кори и ја прикажува листата на заинтересирани франшизи:
- ЊУЈОРК НИКС: Ова беше тешко од почеток затоа што постоеа гласини дека Никси никогаш не би го трампале Патрик Јуинг. Тие исто тргнаа и по Џродан кој се одлучи за нов договор со Булс на една година за 30 милиони долари. Но преселбата на Јуинг никогаш не им беше опција. Кога го потпишаа слободниот агент Алан Хјустон за 56 милиони долари на 7 години, немаше шанса за Шек во Њујорк.
- ДЕТРОИТ ПИСТОНС: Детроит беше атрактивен поради рукито од 1995-та, Грент Хил кој веќе почна да освојува НБА почести. Алан Хјустон беше на пат да замине, така што беше идеално да го споиме Шек со шутери како Хил и Хјустон, но кога вториов замина за Њујорк, ова сценарио отиде низ вода. А и Пистонс никогаш не покажаа голем интерес за договор со Шек. Детроит беше аут.
- МАЈАМИ ХИТ: Хит имаа најфлексибилен ростер и потенцијал за договор со Шек. Во меѓувреме Морнинг стана барометар за сите преговори, затоа што се зависеше од неговата плата. Тој беше втор пик на драфтот во 1992. година, веднаш зад Шек и нивните кариери никогаш не се споија во ист тим.
Тогаш првиот потег го направил Лејкерс, франшиза свесна дека може да го постигне најголемиот договор во НБА уште од времето кога Сент Луис Хокс го пратиле Бил Расел во Селтикс.
За да го олеснат буџетот, „Езерџиите" го пратиле ветеранот и миленикот на навивачите Владе Дивац во Шарлот Хорнетс а за возврат го добиле 18-годшниот Коби Брајант но и дополнителен простор од 3,3 милиони долари ослободени за нов трансфер. Лејкерс фактички заштедија пари со трампата од која го добија можеби најдобриот играч на сите времиња, се сеќава Џоел Кори.
„Дента по разговорите со Атланта, Армато седна на маса со Џери Вест од Лејкерс кој формално понуди 99,5 милиони долари за 7-годишен договор со Шек со можност за споразумен раскин после три сезони", пишува Кори.
Се беше во ред, но и натаму Морнинг имаше повисок договор а ние не се сложувавме со тоа, поради што Џери Вест рече дека ќе го трампа Џорџ Линч за пик на драфтот, само за да го ослободи буџетот. Вест зборувал и за славната историја на Лејкерс со Џорџ Микан, Вилт и Карим Абдул-Џабар. Велеше дека со Еди Џонс, Седрик Себалос, Ник Ван Ексел и Брајант, Лејкерс се ветувачки млад тим кој имал 53 победи претходната сезона.
Орландо и натаму одбивал да му понуди повеќе пари на Шек, нешто слично со Мајами и Двејн Вејд летово. Меџик му нуделе на О'Нил помалку отколку што заслужува.
По неколку дена Лејкерс на агентот на Шекил, Армато му понудиле две опции: 4-годишен договор вреден 64 милиони долари, поголем од претходниот (54 милиони), или 7-годишен договор вреден 109 милиони долари со опција за раскин после три сезони што била желба на Шек. Во тој момент над 100 милиони долари во лигата земале само двајца играчи: Хауард и Морнинг.
Во една анкета од Orlando Sentinel, дури 90% од 5.000 испитаници одговориле дека Шекил не заслужува повеќе од 100 милиони долари, не вредел толку.
На крајот Лејкерс ризикувал да го чека цело лето и ризикот им се исплател. Се создаде империја која што долги години владееше во НБА лигата и империја предводена од тандемот Шекил О’Нил - Коби Брајант.