Специјалистот за банани од Конго, 218 см високиот Дикембе Мутомбо кој е втор во НБА историјата со 3.289 блокади царуваше под кошевите и после секоја рампа им гестикулираше со прстот, дека не се поминува така лесно кај него. Ама еднаш на гости му дојде Шекил О'нил.
Се работи за стар двобој во кој четирикратниот шампион на НБА го победи во пливачка трка, освојувачот на 28 златни олимписки медали. Добре де, со предност.
Легенди какви што ретко се раѓаат и се наоѓаат заедно во ист тим. Симболи на едни незаборавни НБА времиња. Заедно беа на тронот во 2000, 2001 и 2002-ра. Потоа Коби освои уште две титули со Лејкерси (2009 и 2010), а Шек една со Мајами (2006).
НБА лигата се враќа на сцена таму каде што застана. Со трипл дабл на Никола Јокиќ и победа над Лејкерски и Леброн Џејмс, а потоа трето полувреме со најголемиот шоумен меѓу НБА легендите. Одиме со првиот муабет на Шек на српски за оваа сезона.
Шекил О`Нил или Ди џеј Дизел синоќа се појави во клубот Сент Ана во улога на неговата втора најголема пасија после кошарката, а тоа е пуштањето музика. Најскапата опција за да бидеш во публика, еден бубрег.
Снимката со кошаркарските ѕверки е од Ол Стар викенд 1996. Се зезаат, ама сите објективи се вперени кон нив. Шек демонстрира на дело што значи кога си помлад, послаб и поподвижен.
Легендарниот О`нил пушташе музика во Хрватска, а на журката на бина се качија Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Царот е роден за забава, па им покажа како се држи ритам со симулирање слободни фрлања.
Веќе 11 години како е сиромашна НБА лигата без еден од најдобрите и најпопуларни центри во историјата. Ама сепак го има секаде и уште знае како да импресионира.
Инцидентот меѓу Јокиќ и Морис доби медиумско продолжение, а свое мислење дадоа и двајцата легенди кои во една прилика не поминаа само со буткање кога се рчнаа меѓу себе. Да ги чуеме нашите јунаци од детството, кои биле на вечера после таа тепачка.
Зајон Вилијамсон од 2019-та до денес цела светска кошаркарска јавност го чека да блесне затоа што станува збор за многу чудна конституција, кошаркар со килажа од скоро 130 килограми а многу подвижен и игра на позициите 3 и 4. Ама дечкото го следеа неколку повреди. Последен пат се појави пред некој ден на загревање и ги запрепасти сите.
Легендарниот кошаркар направи шоу по крајот на трката за Големата награда на САД. Ефектно го донесе победничкиот трофеј кон подиумот качен на огромен Кадилак со рогови.
Легендарниот Шек на крајот од ’90-те години ја прекинал соработката со компанијата Rebook која правеше брендирани патики со неговиот лик и лого и кои чинеле од 130-150 долари.
По уште еден сјаен меч на кој постигна 38 поени во плејофот против Портланд и со неговиот Денвер израмни на 1-1 во серијата, Јокиќ ги стави слушалките да се вклучи во емисијата кај што Шек е домаќин.
Еднаш проба нешто да му каже на Јокиќ на српски, па му излезе руски зборот, а сега во обид да му рече на Лука „пријатно“, сурфаше на телефонот да види како треба и пак ја утна, а Дончиќ се изнасмеа. Адижо му рече :).
За време на натпреварот во најдобри вештини на Ол-Старот, Никола Вучевиќ стигна до финалето каде Доминтас Сабонис беше подобар, а претходно во полуфиналето црногорскиот репрезентативец го совлада Роберт Ковингтон од Портланд. Шек воодушевено коментираше.
Да имаше турнир во хрчење на Ол-Старот, без конкуренција наградата ќе ја добиеше легендарниот Шек. 48-годишниот член на Куќата на славните имаше многу работа за време на Ол-Старот па реши краток момент да искористи да захрчи ко бик.
Во својата емисија Shaqtin' A Fool на ТНТ, Шекил секојдневно објавува нови комични моменти од паркетите во НБА, а редовно и номинира кандидати за циркус на неделата.
Гигантот Мавумби е хит на Светското. Даде 4 гола против Аргентина, 4 гола против Данска на Хансен, а во вторник од 18:00 најверојатно за последен пат ќе го гледаме на Мундијалот, против Бахреин кој е огромен фаворит против Африканците.