НБА лигата ги соопшти казните за Никола Јокиќ и Маркиф Морис и тие не се драматични. На прва изгледаше дека Србинот многу дрско го напаѓа кошаркарот на Мајами, што е факт, но потоа се појави снимка на која се гледа дека уствари и Морис не бил нежен.
Легендарните Шек и Баркли кои од студиото на ТНТ, редовно ги коментираат случувањата во НБА, целосно ја разбираат реакцијата на Јокиќ и исто би реагирале, а реагираа додека играа.
„Чекај Ерни. Тоа се нарекува одмазда. Кога ќе удриш некој, тогаш немој да му вртиш грб. Немам проблем со тоа што го направи Џокер, всушност ми се допаѓа како „голем човек“. Кошаркарот на Мајами го удри грубо и непотребно. Што се прави тогаш? Како „голем“ одиш и му враќаш. Само прашање е дали ќе добиеш удар од предна или задна страна“.
Водителот Ерни Џонс праша дали потегот на Јокиќ може да се окарактеризира како валкан, на што Баркли само се надоврза на Шек и го поддржа.
„Морис прв почна, ајде прво тоа да го сфатиме. Јокиќ возврати, а сега луѓето велат дека го удрил зад грб. Јас сум со Шек. Да ти кажам нешто Ерни, ако ме удриш подобро да не вртиш грб, затоа што доаѓам по тебе. Едноставно е, не можете да удрите некој и да му свртите грб“, рече Баркли.
Откако ги кажаа ставовите, во студиото беа прочитани и преписките преку социјалните мрежи, а потоа пуштија две стари снимки, каде О`Нил и Баркли враќаат со боксови на сред натпревар.
Ова е нивниот меѓусебен инцидент по кој Шек изјави дека се смириле на вечера веднаш после мечот, а сметката ја платил Баркли.
А кога сме кај социјалните мрежи: