Српскиот кошаркар е казнет само еден меч што била минимална суспензија за ваков случај, но ќе остане пократок за 210.417 долари зошто нема да игра еден натпревар (се сеќавате Кајри колку губи што не игра цела сезона).
Тој износ на Јокиќ ќе му го одбијат од платата зошто нема да игра во среда вечер против Индијана Пејсерс во „Бол Арена“.
Голема парична казна, од 50.000 долари доби и Маркиф Морис од Мајами Хит а Џими Батлер е казнет со 30.000 долари поради, како што стои во одлуката „обид за ескалација на кавгата и непочитување на безбедноста за давање интервју“.
Неколку часа по инцидентот, братот на кошаркарот на Мајами Хит, Маркус Морис кој игра за ЛА Клиперс и исто е познат по пргави фаули на теренот, на Твитер напиша дека „ќе памти како Јокиќ го удрил брат му од зад грб и дека кога-тогаш ќе врати за тоа“.
Браќата на Јокиќ, Немања и Страхиња, познати по тоа што редовно од трибините бучно го бодрат својот брат и се спремни да улетаат и при најмал инцидент, направиле профил на Твитер само за да му одговорат на Маркус Морис:
„Треба да ја оставиш работата каква што е, наместо јавно да се закануваш на нашиот брат. Брат ти прв направи валкан потег. Ако сакаш да продолжиш на овој начин, биди сигурен дека ќе те чекаме“, стои во пораката од браќата Јокиќ.
@MookMorris2 You should leave this the way it is instead of publicly threatening our brother!Your brother made a dirty play first . If you want to make a step further be sure we will be waiting for you !! Jokic Brothers
— Jokic Brothers (@JokicBrothers) November 9, 2021
Морис пак им одговори, а браќата не останаа должни:
I don’t believe…I know that!
— Jokic Brothers (@JokicBrothers) November 9, 2021