Главниот фаворит за титулата во новата НБА сезона која почнува во вторник, Бруклин Нетс со нов постер ги покани навивачите на домашните натпревари. На постерот се три суперѕвезди на екипата: Кевин Дурент, Џејмс Харден и ..... Брус Браун.
А Кајри Ирвинг, до лани најголемата ѕвезда на оваа екипа?
Кајри е суспендиран на неопределено време затоа што одбива да прими вакцина против коронавирус и нема да може да ги игра домашните натпревари во салата на Бруклин Нетс.
Ирвинг последно во петокот не тренирал со екипата во Њујорк, им се придружил само на тренинг на отворено во саботата и работел со нив во неделата, но не играл во ревијалниот пријателски меч со Филаделфија во понеделникот.
Управата на клубот на чело со претседателот и финансиер Џое Цај и генералниот менаџер Шон Маркс донеле одлука Кајри да не тренира ниту да игра на гости со екипата.
Оваа сторија со Кајри Ирвинг отиде премногу далеку. Него јавно го убедуваа да прими вакцина и соиграчи и НБА легенди и сопственикот на франшизата Џозеф Цај и противнички навивачи, ама самиот Ирвинг тврдо стои до своите принципи да одбива вакцина. Најчесто се огласува преку Инстаграм.
„Пронајди ја својата моќ“, „Бог ме штити мене и мојот народ“, „Мојата маска е симната. Сега тргнете ја вашата, не плашете се“, се само дел од објавите на еден од најдобрите кошаркари во НБА кој сега ќе има проблем да игра и да тренира.
Клубот на почеток го поддржи Кајри Ирвинг и застана зад него, но постепено тренерот Стив Неш почна да поставува прашања за статусот на Кајри и тоа што ќе пропушта натпревари: „Ние не брзаме и ќе пробаме да сфатиме што ќе се случува“, кратко рекол тренерот на Бруклин Нетс.
Наскоро со Ирвинг пробале групно да зборуваат сопственикот Џо Цај, генералниот менаџер Шон Маркс и Дјурент и Харден за да рзговараат за иднината на Кајри во екипата.
Изборот на младиот Браун на главниот постер за новата сезона наместо Кајри Ирвинг изгледаше како прв сигнал. Рекламниот сектор на Бруклин Нетс на тој постер покрај Харден и Дурент можеле да го стават или Блејк Грифин или Ламаркус Олдриџ или Пол Милсап, Пети Милс, но де-факто одбрале непознат анонимен кошаркар со цел да му прати сигнал на Кајри дека клубот не се согласува со неговиот став.
КАКОВ Е НБА ПРОТОКОЛОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА?
НБА не бара стритно од играчите да бидат вакцинирани против ковид. Лигата се обиде да влијае за помасовна вакцинација но наиде не протести. Затоа на крај решија да им остават избор на спортистите а се во договор со професионалниот сојуз на НБА играчи.
Притоа раководството на НБА и сојузот на кошаркарски судии веќе се согласиле и договориле да ги вакцинираат сите свои членови. Такви услови лигата им налага на сите свои вработени, од оние во арените па се до тие кои се непосредно во контакт со играчите.
Еден физиотерапевт анонимно коментирал: „Треба и ние и играчите да имаме еднакви стандарди. Ова е болест која не гледа кој е играч а кој не е“.
Друг, помошник на тренер рекол: „Тоа што играчите ги не ги задолжуваат да се вакцинираат е срање. Моите родители имаат проблеми со здравјето, а јас ќе бидам во тесен контакт со тие дечки и можам дома да однесам зараза од која родителите би ми настрадале“.
Но и без задолжителна вакцина, мнозинството кошаркари во НБА се согласиле на вакцина. На стартот на тренинг кампот пред почетокот на новата сезона, околу 90% од играчите во НБА примиле најмалку една доза, а сега таа цифра оди и до 95% (статистиката вели 58% вкупно вакцинирани луѓе во САД и 76% во Канада)
Овој показател од 95% во НБА е на ниво на МЛФ или НФЛ. А во женската НБА лига 99% од кошаркарките се вакцинирани!
За оние 5% кои одбиле да примат вакцина, НБА лигата се реши за мошне строги услови:
- прво, секојдневно тестирање за оние кои влегуваат во арена, во теретана, на клупски настани и лабораториски анализи на денот на мечот
- второ, ќе го регулираат и секојдневниот живот на играчите. Невакцинираните нема да можат да јадат во иста просторија со другите кошаркари или тренери кои се вакцинирани, ќе треба да одржуват социјална разлика, дури и во време на стандардни процедури.
Дури и шкафовите во соблекувалните ќе бидат распределени на тоа кој е вакциниран а кој не е: невакцинираните ќе добијат шкафчиња многу подалеку од оние кои се вакцинирани, во најдалечните ќошиња од соблекувалната. Таков систем ќе има и на клупите за резерви.
Ако екипата е на гостување, невакцинираните играчи треба да ги остави во хотел. Ако не се на гостување, тогаш невакциниран играч ќе мора да седи дома со исклучок на „основни активности“ (одење до продавница, носење дете во школо итн). Никакви ресторани, барови, клубови, концерти, прослави, никакви масовни настани во време на натпревар на нивниот тим.
Ќе може лична комуникација со физичко присуство само во кругот на семејството и ограничена дружба пред која мора да се има тестови.
Постои само неколку играчи кои поддржуваат и промовираат вакцина, додека обично многу гласните и активни членови на синдикатот ги отфрлаат сите дискусии на темата и оставаат слободен избор за секого.
КАЈРИ ЌЕ СЕ ДРЖИ ДО СИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА?
Никој не му смета на невакциниран играч да ги следи сите протоколи во НБА и да излезе на паркет за време на натпревар.
На пример младиот Џонатан Ајзек од Орландо исто имал антиваксерски ставови како Кајри па дури бил и погласен од Ирвинг (објавува некои загадочни објави на социјални мрежи), исто планира да ја помине цела сезона според протоколите кога ќе се опорави од операцијата. Така сакал и бекот на Далас Треј Берк но Мавси лесно ќе можат да раскинат договор затоа што е четврти избор на неговата позиција.
Ајзек од Меџик игра во Флорида, а Треј Берк во Тексас. Овие држави во принцип имаат скоро идентичен и помек пристап на вакцинацијата.
Њујорк (и државата, а посебно градот) е сосема друга приказна. Сите резиденти на Њујорк (па така и играчите на Никс и Нетс) задолжително мора да примат макар една доза вакцина против ковид, за да имаат право на влез и престој на јавни настани во затворен простор на територијата на градот, во случајов арените „Медисон Сквер Гарден“ и „Барклајс Центар“.
Прво невакцинираните играчи не ги пуштале ни на треннг (во Никс нема невакцинирани, во Нетс е само Кајри). Но центарот за здравје на Њујорк го преквалификувал комплексот на Бруклин Нетс во јавно здание а не сала за да Кајри Ирвинг може да тренира со соиграчите.
Уште пожестоки барања има во Сан Франциско а од неодамна и во Лос Анџелес каде мора да си вакциниран на 14 дена пред влез во сала или теретана.
Правилата не важат за играчите од гостински тимови кои дури без вакцина имаат право да учествуваат на натпреварите или тренинзите, само ако се држат до сите останати правила (принципот на федерализам во САД - федералните закони и правила важат само на жителите на државата).
Но има и места каде ако не ги следите правилата и за кршење на антиковид протоколот на натпреварите на Торонто Репторс, буквлано може да завршите зад решетки и тоа на пола година.
Лејкерс и Клиперс уште пред ограничувањата во Лос Анџелес биле комплетно вакцинирани. Во составот на Голден Стејт Вориорс кој игра во Сан Франциско каде правилата се жестоки, Ендрју Вигинс долго време не беше вакциниран но на крај и тој прифатил откако сфатил колку пари ќе изгуби ако пропушти голем дел од натпреварите во сезоната.
„Имаше два варијанти: или да се вакцинирам или да не играм. Тешка одлука. Се надевам се ќе биде во ред и после 10 години уште ќе бидам здрав“, се нервирал Вигинс дури и после вакцинацијата.
КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИЗГУБИ КАЈРИ ИРВИНГ?
Големата ѕвезда, НБА шампион и повеќекратен учесник на Ол-Стар натпревари веќе се соочува со многу суспензии.
Во правилникот на НБА има јасен систем на казни и дисквалификации - ако играчот го суспендира лигата (а не клубот), ќе треба да му се одбива по 1/145 од плата за првите 20 пропуштени средби и по 1/110 за сите следни натпревари вклучувајќи ги и мечевите од предсезоната и плејофот.
Овие цифри значат дека во случај на дисквалификација на цела сезона (82 меча во регуларен дел, 8 меча од предсезона, 28 дуели вкупно во плејоф), играчот ќе остане без големи заработки.
Кајри сезонава според договорот треба да заработи 34,9 милиони договори, ќе останува во просек без 381.000 долари по натпревар во НБА. Тој ќе мора да пропушти сигурно 41 меч во домашната арена на Бруклин Нетс „Барклајс“, два веќе пропушти од предсезоната и уште две против Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ што значи дека ќе остане без 17,2 милиони долари.
А ако Нетс според предвиденото стигне до плејоф и финале на Истокот, тоа се минимум шест домашни меча од плејоф а сигурно уште две понатаму и тоа се уште минус 3 милиони долари или вкупно 20 милиони!
Но тоа не е сè. Ако пропушти повеќе од пола натпревари од регуларен дел (на домашен терен) тој ќе остане без своите бонуси од 1,1 милион долари.
Ако го казнат и по 20.000 долари поради пропуштени средби со новинарите, со медиумите и НБА настаните, тогаш ќе може да остане без ушта пола милион долари. За пропуштен тренинг најверојатно ќе останува без уште 7,5 илјади долари.
Тоа вкупно изнесува од 20-25 милиони изгубени долари само сезонава!
Очигледно Кајри Ирвинг е спремен да губи по 300-400.000 долари за секој пропуштен меч (Вигинс од Голден Стејт не беше спремен и се вакцинирше).
Што на ова викаат во Бруклин Нетс? Дали они ќе можат да ги отпишат тие пари од платен список? Според правилникот не можат. Нема ниту да добијат повраток на својот огромен данок кој го плаќаат за „раскош“.
Тоа што Ирвинг ќе пропушти натпревари и тренинзи не му помага на Бруклин Нетс од ниту една точка на гледиште.