Инцидентот се случи на нецели 3 минути до крајот на мечот. Прв почна Маркиф Морис кој со намерен прекршок го спречи Јокиќ да организира напад.
Судијата свирна фаул, а Јокиќ експлодираше и со еден удар му ја истури нервозата и го легна на земја. Несвојствен потег за големата НБА ѕвезда.
За дрското однесување Јокиќ заработи исклучување и сега се чека одлука на колку натпревари ќе биде суспендиран.
Мечот го заврши предвреме со трипл-дабл од 23 поени, 15 скока и 10 асистенции, a неговиот тим славеше со 113:96.
Погледнете го Србинот во едно поинакво издание.
Морис не му побара ферка, туку Џими Балтер.
"Bring that sh*t! Bring that sh*t! Bring yo ass to the back! Bring yo ass to the back! Let's go!"
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) November 9, 2021
Jimmy Butler was FUMING after Nikola Jokic's dirty foul on Markieff Morris 😤pic.twitter.com/UcqNgYkZOc
А Јокиќ со оладена глава призна дека глуп му бил потегот.
Nikola Jokic:
— Vic Lombardi (@VicLombardi) November 9, 2021
“It was stupid. I should not react that way”. pic.twitter.com/1K6CgvK7DX