Во њујоршки клуб некој ги платил сите можни сметки во една вечер, а тој лик, американските медиуми пишуваат дека се викал Шекил О`Нил.
За него се вели дека е човек што сака да ги прави луѓето среќни и тоа му успева.
Четирикраниот НБА шампион ги платил сметките од 40 маси, колку што имало гости, во вкупен износ од над 25.000 долари.
Потоа ги частел вечера и келнерите, кои инаку го добиле најголемиот бакшиш кој некој им го оставил.
50 годишниот Шек е разведен и е татко на пет деца, а неговото богатство се проценува на околу 400 милиони долари.
Првите три НБА титули ги освои со Лос Анџелес Лејкерс 2000, 2001 и 2002-ра, а четвртата со Мајами Хит во 2006-та.
On Sunday, someone paid the bills of every single person at Manhattan's Jue Lan Club.
— Front Office Sports (@FOS) June 15, 2022
The generous patron even bought dinner for the entire staff.
The gesture totaled "over $25,000" and gave servers “the biggest tip they’d ever received.”
Per @PageSix, that person was @Shaq. pic.twitter.com/HnEbjTW69i