Таг: шекил о'нил

Шек пушта музика од кујна

Don’t be down вели царот на Инстаграм и дава идеја што може да се прави или што тој прави по дома. Глејдате го до крај, ќе има кулминација.

Кога Шек ќе ти ја забие и ќе те спружи на паркет

Од спротивната и најнеблагодарната страна е Крис Дадли, кој џабе што е 211 и само 5 см понизок од Шек, кога физички е многу послаб. Плус фрустрацијата сигурно му била уште поголема затоа што е седум години постар од младиот, но најмоќен центар во НБА.

Како Родман (не) го чуваше Шекил

Мора да стои тоа “не“ бидејќи реално не можеше да го чува, а да не направи фаул. Да му дадеа право на 10 лични ќе ги потрошеше уште во прво. Нормално тактиката во вакви случаи кога имаш немоќен чувар, често беше поставена Шек да ја прими и да ја реши еден на еден. И ја решаваше.

Шекил низ солзи

„Духот ми го напушти телото, сакам да можам да кажам едно нешто... за последен пат за луѓето кои ги изгубивме. Зошто еднаш кога ќе заминеш, заминуваш засекогаш“.

Шек се појави пред Стејплс центар

Легендарниот центар кој со Коби беа како браќа, се појави пред топлата народ насобран на местото каде славното дуо освои три шампионски прстени. Колку и да е во шок, се обиде барем за момент да го разведри амбиентот.

Шек: Болен сум во моментов

Колку само мигови имаа заедно во Лејкерс. Еден куп добиени натпревари, три титули, многу асистенции, насмевки, дружби и на терен и надвор. Шек и Коби беа олицетворение на тој тим предводен од Фил Џексон.

Шек треба да тренира прво со везена

Македонската везена пиперка која обично ја јадеме за апетит, има некаде околу 10.000 сковили. Чипсов што го пробува Шек е крајно безобразен со 1,9 милиони сковили. Не се даваше царот се додека дојде до дереџе да бара млеко и да го напушти друштвото.

Шекил вози Смарт

За време на снимањето на една емисија на американскиот канал TMZ, Шек О'Нил влегува во Смартче и го шокира и камерманот и сите останати. Дали сериозно го вози овој автомобил кој за него делува како играчка, дали поради лесно наоѓање паркинг или па му го донеле како зафрканција за емисијата не се знае. Битно:

Кога Шекил О`Нил ја исчисти клупата на Феникс

Го носеше нивниот дрес во сезоната 2008/2009. Тие што седат на клупа се од негова, ама тоа ништо не менува кога по баскетот ќе тргне човекот со 150 кила и 216 висина. Сакаат и утре да седат на истата клупа, живи и здрави.

Лабав муабет во Хрватска со Диџеј Шекил О`Ниловиќ

Најславниот и најзабавен центар во историјата на НБА од Италија се префрли да пушта музика во Хрватска. 24 сата го начекаа на интервју. Дражен Петровиќ беше неизбежна тема, а ги имаше многу, до тоа кој број на чевли носи. 

Шекил пушта музика во диско во Италија, следна му е Хрватска

Додека трае паузата во НБА, Шек се лади на најубавите плажи на континентот, на Сардинија каде навечер пушта музика во рамки на неговата ди-џеј турнеја. Псевдонимот му е DJ DIESEL и хара по Европа. Следна му е Хрватска.

Врвната имитација на Шекил О’Нил од Фараоа на доделување награди

Синоќа во НБА се доделија главните признанија на сезоната, а целата манифестација ја водеа Чарлс Баркли, Шекил О’Нил како и сјајниот комичар Џеј Фараоа кој импресивно го изимитира Шек а цела сала вриштеше од смеа.

Јокиќ во емисија кај Шекил и Баркли за Ол-Старот

Цели 15 години по појавувањето на Предраг Стојаковиќ на мечот на сите ѕвезди во НБА, Србија одново ќе има свој претставник. Човекот кој е најзаслужен што Денвер игра неверојатна сезона и е меѓу фаворитите за завршница на Западот - Никола Јокиќ, е избран за All Star мечот на 18 февруари во “Спектрум Центар“ во Шарлот.

Страшните забивања и кршења табли на Шекил во кариерата

На еден средношколски дуел, едно дете од училиштето Mountain View како да го разбуди духот на Шекил О’Нил во себе. Неговото виткање обрач нè потсети на времето кога Шек кршеше табли и дрмаше конструкции.

Како изгледаа Шек, Кајри Ирвинг и други НБА ѕвезди во филмот Uncle Drew

Без многу голема помпа филмот во кој играат едни од најголемите легенди од НБА „си вози“ ширум Америка и Канада. Во Европа не постигна значаен успех но вреди да се изгледа. Од неколку причини вреди.

Не е мастика за Шек

За време на паузата од мечот Кавалирс - Визардс, Шекил О’Нил потсети дека е природен и кога снима камера и кога не снима.

Ферги, па не ти е химната балада за додворување на шанк

Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.

Најјакото видео со Шекил О’Нил кое никогаш не старее

Во НБА играше цели 19 години за 6 тима и важи за еден од најдобрите центри кои оваа лига ги видела. Немаше средба а Шек да не направи потег што ќе го одбележи мечот. Така беше и во Орландо и во ЛА Лејкерс и во Мајами и во Феникс.

Фил Џексон, Шекил О`Нил и првата средба со марихуана

Легендарниот тренер и легендарниот центар се нераскинлив дел од историјата на Лос Анџелес Лејкерс, кој во НБА лигата ги одбележа првите години од новиот милениум. Нивната прва средба била необична, со чуден мирис, ама славен крај.

Шек ги одбра Топ5 најсмешните потези во НБА

"Shaqtin' a fool" се вика неделниот сегмент кој се дава на телевизиското шоу Inside the NBA. Во него Шекил ги прикажува најсмешните инсерти од одиграните натпревари. О’Нил пред почетокот на плејофот ги прогласи петте најсмешни потези во НБА сезонава.

Реакцијата на Шек кога дозна дека Леброн го надминал

На дуелот на неговиот Кливленд против Чикаго, Леброн Џејмс постигна 26 поени и стигна до бројката од вкупно 28.599, три повеќе од Шекил на вечната листа и сега е седми.