А пред да излезе надвор едвај зборуваше
„Бев во подрумот и вежбав со синот Шакир и со внукот Колумбус. Во еден момент се појави и другиот внук и ми го покажа мобилниот. Му реков да го тргне тоа од мене, мислев дека е лажна вест. Живееме во свет каде се може да е фотошоп и лага и не сакав да поверувам. Потоа почнаа да ми се јавуваат на телефон и сфатив дека тоа е болната вистина. Имам 47 години, ги загубив двете баби, сестрата, а сега останав и без помладиот брат. Не сум почувствувал толку остра болка во последно време“.