Шек е појава за сите времиња, па грев е да не го изгледаш ова исцрпно интервју во кое за секое прашање има спремен одговор како пушка. Ќе издвоиме повеќе ствари, а вие потоа ќе си пуштите плеј.
Најдобар странски кошаркар во НБА?
Имам два одговори: Најдобар е Дражен Петровиќ, а втор Шекил О`Ниловиќ.
Зошто Дражен го споменуваш во твоите песни?
Бидејќи е еден од најдобрите шутери. Кога играше за Бруклин Нетс еднаш ни даде 52 коша. 100 пати имам кажано дека секој што се презива на “виќ“ или “иќ“ е голем шутер. Најдобрите шутери доаѓаат од Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Број на патики?
56-ка
Омилен прекар?
О`Ниловиќ, бидејќи еднаш имав 12 од 12 од слободни фрлања.
Каде ги чуваш трофеите?
Немам трофеи. Кога бев млад му ги дадов на татко ми и кога почина го закопав со него.
Куцање или тројки?
Куцање.
Колку табли имаш скршено
Седум.
Трамп или Обама?
Обама.
Крофни или пилешко?
Пилешко.
Најдобра екипа во која си играл?
Лос Анџелес Лејкерс.
Најдобар соиграч?
Коби Брајант.
Најдобар кошаркар?
Мајкл Џордан.
Најтежок чувар?
Хаким Олајџивон
Најзабавен играч?
Леброн Џејмс.
Шек како диџеј во Италија.