Шек бил специјален гостин на организаторите на трката во Остин, Тексас каде победи Макс Ферстапен пред Луис Хамилтон кој во текот на целата трка го бркаше водството на Холанѓанецот. Трет заврши Серхио Перез од Ред Бул и сите тројца се качија на подиумот каде наградите ги доделуваше гигантот Шек.
Очекувано, О’Нил беше највисок меѓу сите присутни, единствено победникот Макс Ферстапен, качен на победничкиот подиум, „делуваше“ повисоко.
За споредба Шекил е висок 216 см, Хамилтон 171 см, Ферстапен 180 см, а Серхио Перез 174 см. Целиот настан беше повод за многу мемиња и комични коментари на социјалните мрежи.
Who did this?! 😂#USGP 🇺🇸 #F1 @SHAQ pic.twitter.com/vJZnPmbdhW
— Formula 1 (@F1) October 24, 2021
И не е изненадување затоа што на пилотите на Формула 1 не им одговара да бидат високи и тешки, а пред почетокот на секоја сезона нивната тежина се споредува со тежината на автомобилите со цел да се исполнат некои минимални стандарди.
Што се полесни пилотите, масата може да се распореди на разни делови од шасијата на болидот и да се постигне поголема рамнотежа и подобар болид.