Таг: ф1

Пит-стоп 1950 вс. 2020

На овие првите во тоа време да им покажеш видео од овие вторите, ќе помислат дека дошле вонземјани сосе алат и работат на менување гуми во пит-стоп.

Неверојатната логистика на Ф1 сезона

10 тимови со најнапредните возила што некогаш постоеле на планетава, треба во рок од 9 месеци да ја обиколат Земјата и на секое место на кое ќе стапнат да ги извадат најдобрите перформанси.

Го видовте ли Шекил О’Нил на Формула 1?

Легендарниот кошаркар направи шоу по крајот на трката за Големата награда на САД. Ефектно го донесе победничкиот трофеј кон подиумот качен на огромен Кадилак со рогови.

Три, четири... чекајте бе!

Од викендов Ф1 повторно има најбрз пит-стоп. 1,82 секунди.

Ко те има, тај те нема Ф1 болид

Иако со квалитетни информации (пример како лежат возачите на Ф1 додека возат) и со одлично изведен разговор меѓу водителот и гостинот, главниот лик на видеото е Ф1 болидот на Мерцедес. Технички болидот не е таму, тоа што ќе го видите на клипот е компјутерски генериран болид, и ќе мислите дека измислуваме.