„Како што знаете, за мене беа многу тешки последните пар месеци, ја изгубив помалата сестра. Не спиев, не ги правев работите кои обично ги правам. Работам, се смееме, се шегуваме, но кога ќе се вратам дома во реалноста и сфаќам дека веќе ја нема, многу боли.
Пред некој ден се симнав долу да седам поработам со син ми, со Шакира, со внук ми Колубмус, а другиот мој внук влезе плачејќи и ми го покажа неговиот телефон. И му реков тргни ми го телефонот од лице. Знаете, живееме во свет во кој сè може да биде фотошопирано, сè може да се намести. И не сакав да поверувам.
И после добив повак од тебе, од Чарлс, од Кени, сите ми се јавуваа. Веќе беше потврдено. Таква болка не сум почуствувал долго време. 47 години имам. Изгубив две баби, ја изгубив сестра ми, татко ми, и изгубив помал брат.
„Нашите имиња ќе бидат поврзани засекогаш за она што го направивме заедно, кажа во својата емотивна исповед човекот кој со Брајант освои три титули во дресот на Лејкерс и го сочинуваа најдобриот тандем во светот на спортот.
„Луѓето ме прашуваат стално за нашиот однос и јас кажувам дека е како оној што го имам со Чарлс Баркли (негов колега на ТНТ и водител во студио): две јаки личности кои на свој начин ги прават работите, кажуваат отворено некои работи, но никогаш без респект еден кон друг.
И кога дојде моментот да се симнеме на терен и да победиме, бевме јас и тој, бевме исто јас и Чарлс, тоа е тоа што го направивме“, зборуваше О’Нил низ солзи при неговото прво доаѓање во Стејплс Центар по трагичната смрт на Коби.
„Фактот што нема да можеме да се шегуваме заедно на церемонијата на неговото влегување во Куќата на Славните (Hall of Fame), фактот што нема да може да ми каже: „А, ја имам пет (НБА прстени), ти имаш само четири“. Што нема да можеме да си кажеме дека ако останевме заедно можевме да освоиме 10... овие работи никогаш нема да се вратат назад. Веќе ги изгубив татко ми и сестра ми... единствено нешто што би сакал сега е да можам да зборувам со нив повторно.
На почеток не верував (за Коби). Бев со син ми и моите внуци и еден од моите внуци дојде плаќејќи да ми го покаже телефонот. Му реков, батали, живееме во време во кое се може да се фалсификува, одбивав да поверувам. После почнаа сите да ми ѕвонат... И следен удар, неговата сакана ќерка... Секојпат кога го среќавав Коби со жена му и децата викав: „Еве го чичко Шек“ и пробав да ги насмеам. Многу е тешко“.
„Имавме братска врска, како со помал брат. Јас имам помал брат во реалниот живот и се караме одвреме-навреме. Имам постар брат во Чарлс Баркли и се караме целов реме. Но респектот секогаш е тука.
И ако не верувате дека имало респект, откако ја освоив првата титула во 2000, кој беше дечкото што прв ми скокна во прегратка? Кога тој дечко го повреди зглобот во финалето на НБА 2000 и не можеше да оди, кој беше човекот кој го изнесе на грб? Така што, од сега па натаму, не сакам да слушам за некаков спор кои мислите дека сме го имале. Трениравме и игравме заедно. Кога влегувавме на паркет сакавме да победиме. Двајцата сакавме да победуваме.
Некое време не сум осетил ваква болка.“
„Фактот што го изгубивме можеби најголемиот Лејкер на сите времиња, најголемиот кошаркар на сите времиња... Луѓето ќе викаат: ’Земи некое време ќе ти биде подобро’, но за мене ќе биде многу тешко. Мојот дух само што го напушти моето тело.
“I haven’t felt a pain that sharp in a while.. it definitely changes me.”’@SHAQ on the loss of his brother, Kobe. pic.twitter.com/dM5i0DDgGK
— NBA on TNT (@NBAonTNT) January 29, 2020
Шекил О’Нил и Коби Брајант во 1996 година дојдоа во Лејкерс и освоија три последователни титули под водство на Фил Џексон.
Патиштата им се разделија во 2004 кога Шек беше трејдан во Мајами а Коби остана и натаму во Лејкерс. Во 2011 година Шекил Онил се повлече од кошарката, пет години пред последниот меч на Коби.
По изјавата, Шекил се појави на улица пред Стејплс Центар во Лос Анџелес каде навивачите стојат пред меморијалот во чест на Коби.