За време на натпреварот во најдобри вештини на Ол-Старот, Никола Вучевиќ стигна до финалето каде Доминтас Сабонис беше подобар, а претходно во полуфиналето црногорскиот репрезентативец го совлада Роберт Ковингтон од Портланд. Шек воодушевено коментираше.
„Шутни Виќу, шутни Виќу (Shoot that Vich)! Секој што има - иќ во презимето знае сјајно да шутира: О'Ниловиќ, Маравиќ, Стојаковиќ, Вучевиќ.“, викаше Шек за време на настапот на Никола Вучевиќ.