Таг: шекил о'нил

Ол Стар 1997 на А1 со Љубомир Николовски на лице место

Ако не сте гледале Ол Стар и воопшто НБА во 90-те, ќе мора да го изгледате цело видеово бидејќи исто како да не се гледале воопшто кошарка. Да можевме ќе го гушневме Јутјуб. Дали игра Џордан? Да, игра и го оствари првиот трипл дабл во историјата на игрите.

Спортисти кои стигнале до милијарда или се близу неа

Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?

Како Шек го зафркавал Дивац пред финалето

Сакраменто и Лејкерс во 2002. година го одиграа можеби најепското конференциско финале во НБА. Сите ги паметиме седумте дуели од кои Лејкерс излезе како победник (4:3). Пред еден меч Шек решава да му испее песна на Дивац која што ја смислил во моментот.

Како Лејкерс го украле Шекил од Орландо

И покрај тоа што важеше за моќна и богата франшиза, Орландо не направи ништо по прашањето да го задржи Шекил во своите редови. Ја докажуваа својата надмоќ со тоа што ја критикуваа неговата игра и на крајот Шек реши да потпише со Лејкерс каде направи империја.

Како да потрошиш милион долари за еден ден, Шекил едишн

Како е можно спортисти што прават милиони долари годишно да останат банкрот? Многу лесно, само мисли дека знаеш што да правиш со парите. Шекил зборува за првиот милион што го заработил во животот и како му исчезнал.

И Шекил слави титула во Англија

Нортемптон математички е прв во анлиската четврта лига и следна сезона се приклучува во Лига 1. Во САД тоа го допре кошаркарската легенда бидејќи ортачки со претседателот на овој клуб држат интернет радио станица. Шампионски тоа оди вака.

Што има ново кај Шек

Ѕверот измисли нов танц и го нарече „Горила даб“ и сето тоа оди очекувано во негов стил.

Новиот Стеф Кари има 4 години

Пред две години малиот Таитус стана сензација на годината откако во едно студио даде повеќе кошеви од Шек, од Мета Ворлд Пис и на крајот го победи и Коби. Сега на четири години одново покажа што знае, кај Стив Харви во емисија.

Солзи радосници за Шекил

Навивачка на Атланта Хокс не можеше да ги задржи емоциите од средбата со Шек, па се расплаче додека се фотографираа за време на ТНТ студиото во Атланта.

Шекил навива за англиски четвртолигаш

Во САД Шек е ко-сопственик на интернет радио станица со претседателот на Нортемптон, англискиот четвртолигаш кој убедливо обезбеди пласман во Лига 1. Од таа причина О'Нил им честиташе на добрите игри и им посака сè најдобро.

Баркли го набуцка, па Шек заби во чевли и одело

Чарлс Баркли и Шекил О’Нил беа доста активни за време на Ол Стар викендот. Во еден момент ставија кладба, т.е. Баркли тврдеше дека Шек (43) е стар, дека има многу килограми и дека не може како порано, на што гигантот одговори на паркетот.

Играш баскет во маало и ти доаѓа Шек

Децава галамат на баскет и некој им вика полиција, а потоа се појавува ѕверот кој растел во истото маало да расчисти ситуација.

Договорот кој го натера Шекил да не игра фудбал

Џон Конкак беше резерва на Атланта Хокс десет сезони, а неговиот договор во време кога немало интернет, Шекил О`Онил воопшто не го сфатил и решил фудбалот да го заменил со кошарка.

Шекил без панталони во студио, Кари ќе погоди и со машина за перење

Минатата и тековната недела донесоа доста необични моменти во најдобрата светска кошаркарска лига.

10 најубави забивања по избор на Шекил

Шекил О'Нил веќе некое време работи како аналитичар на НБА случувањата во емисијата Inside the NBA на каналот ТНТ, каде повеќе прави циркуз отколку што се занимава со анализи. Еве го неговиот избор за ТОП 10 забивања на неделата.

Урнебесниот имитатор на НБА ѕвездите

Брендон Армстронг не успеа да се задржи во НБА повеќе од три сезони, но докажа дека во моментов е најдобриот имитатор на познатите активни и пензионирани НБА играчи. Имитацијата на играта на Џејмс Харден ја победи конкуренцијата.

Шекил се спружи и предизвика земјотрес

Шек работи како стручен консултант во емисијата ТНТ заедно со Чарлс Баркли. Во намера да го претрка колегата во анализите на полувремето, се сопна од каблите и се испружи колку што е долг. Подоцна на Твитер објави дека дава 500 долари за најдобрата шега на сметка на неговиот пад.

По што ги паметиме Ол Стар натпреварите?

Забивањето и заминувањето на Мајкл Џордан, шоуто на Шекил О'Нил, враќањето на Меџик Џонсон по ХИВ позитив, Јао Минг, Леброн како најмлад МВП. Тоа се само дел од моментите што го одбележаа најголемото кошаркарско шоу кое се одржува овој викенд по 64-ти пат, а домаќин е Њујорк.

Шекил моментите од кариерата на Шекил

Во НБА влегува во 1992-ра, како прв пик на драфтот на Орландо Меџик. Од тогаш само расте (додуша повеќе физички и како шоу-мен, отколку по бројот на прстени) за да се пензионира како еден од најголемите играчи во историјата на НБА. Ова се некое негови, одбрани моменти.

Следува инвазија од „Кобиевци“

Исто како што во Македонија имаше наплив од Касандри, а сега и девојчиња со име Хурем според ликови од актуелни серии, во САД по инвазијата на „Шекиловци", следува наплив од деца крстени по Коби Брајант.

Харлем Шек

Легендарниот центар на Лејкерски, Шекил О`нил кој не престанува да ја забавува публиката, популарниот Харлем Шејк го прекрсти и не удостои со ново лудо шоу. Уживајте.

Вил Фарел го исфрли Шек

Комичарот Вил Фарел облечен како редар во Стејплс центарот со име "Ted Vagina", го исфрли Шекил О'Нил од натпревар на ЛА Лејкерс.

Шек ја обожава Бијонсе

Пензионираната НБА легенда Шекил О'Нил на својот Твитер профил објави видео на кое ја имитира Бијонсе за време на нејзината изведба на полувремето на Супер Боул.