Како изгледаа Шек, Кајри Ирвинг и други НБА ѕвезди во филмот Uncle Drew

Без многу голема помпа филмот во кој играат едни од најголемите легенди од НБА „си вози“ ширум Америка и Канада. Во Европа не постигна значаен успех но вреди да се изгледа. Од неколку причини вреди.

КАКО ИСПАДНАЛО ДА СЕ СНИМИ ФИЛМ ЗА ВУЈКО ДРУ?

Гигантот Pepsi пред неколку години сними една заразна реклама со Вујко Дру кого го играше НБА суперѕвездата Кајри Ирвинг облечен како постар чичко.

Pepsi набрзо сними уште неколку верзии на оваа реклама кои беа многу гледани во целиот свет и приказната стигнала до идеја за игран филм со Вујко Дру. Киноверзијата со истоимениот лик излезе во Америка летово 2018 и собрала 44,3 милиони долари досега.

Станува збор за треш-комедија која што неколку месеци била хит во Америка и Канада, затоа што се работи за северно-американски жанр кој например не би имал таков успех во Европа.

****

Добро по филмот било што никој немал никакви очекувања затоа што во него не играле врвни професионални глумци туку познати НБА кошаркари. И покрај успехот на филмот, идејата да се развие реклама во филм на почеток била сомнителна. Ликот на Вујко Дру е добро познат, но не секогаш добро излегува кога кошаркари влегуваат во филм (прашајте го Гери Олдман).

КАКОВ Е ФИЛМОТ?

Главна улога не е Вујко Дру туку е еден возразен, мал и низок човек со тенки нозе и огромна глава, кој нема пријатели и чија девојка јавно кажува дека го уважува само поради перспективата скоро да се збогати.

Покрај Кајри Ирвинг, во филмот глумат Шекил О’Нил, Крис Вебер, Реџи Милер, Нејт Робинсон и Лиза Лесли - сите врвни суперѕвезди во своето време.

На почетокот од филмот него како мал во една партија баскет го растура белецот (Ник Крол) којшто ги руши неговите кошаркарски сни со банана во последна секунда на еден голем турнир. Тогаш малиот решава веќе никогаш да не игра кошарка туку само да тренира.

После долги години собира екипа под името Генерација ’68 која што играла заедно на времето но се растурила.

Крис Вебер кој е свештеник и госпел изведувач чија жена во филмот е Лиза Лесли. Во тимот се и Реџи Милер кој е слеп, Нејт Робинсон кој е во инвалидска количка и многу ретко зборува поради тоа што има селективна глувонемост. И Шекил О’Нил кој се јавува во ликот на Биг Фела и кој во меѓувреме води школа за боречки вештини.

Како и во рекламите со Вујче Дру, така и на филмот: екипата на Дру стигнува до финале и таму се среќава со тимот на Арон Гордон и вечниот антагонист Крол.

Во филмот Вујко Дру не игра за пари, туку за да им покаже на младите како треба да се игра баскет и да докаже дека не треба да има возрасна дискриминација.

На реномираниот IMDb овој филм во моментов има оценка 5.7 од 10 и не котира баш најдобро но кога знаете дека во него играат едни од најголемите легенди на НБА, тогаш може да одвоите 2 часа и 26 минути од вашето време и да ги испочитувате.