Шекил О’Нил пред неколку дена во подкастот Full Send раскажа како еден настан од почетокот на неговата блескава кариера, го убедил да почне да мисли на сиромашните и средната класа, не само на богатите.
„Имав договор со Reebok, 40 милиони долари за пет години. Како еднаш излегував од сала после еден меч, сретнав една госпоѓа. Почна да ми вика: „Вие мадафакери, им ги земате на децата сите пари за тие ваши патики!“.
Јас пробуричкав по џебовите и најдов две илјади долари па и ги пружив за да ја смирам. Но само ме шлапна по рака, ништо не зема.
Помислив на тоа. И сфатив дека е во право. Дента ја прекинав соработката со Reebok. Им реков: „Задржете ги парите. Не е во ред. Дајте мирно да решиме се. Јас ќе играм во вашите патики во текот на сезоната и ќе ги носам приватно, но ќе почнам да се занимавам со сопствен бизнис“, раскажа Шекил.
Имало неколку разни верзии околу овој настан. Форбс и Њујорк Тајмс пишувале дека договорот на Шек со Reebok се движи во диапазон од 15-20 милиони долари за четири години, а Шек еднаш потврдил дека договорот бил 5 милиони долари годишно.
Но и гигантот за спортска опрема имал свои причини за раскин на договорот со Шекил. Не само честиот пад на профитот, туку Reebok сакал и да го смени начинот на однесување на пазарот.
КАКО ПОЧНАЛА СОРАБОТКАТА?
Во 1992 година талентираниот центар стана главен претендент за прв пик на Драфтот во НБА и барал можност веднаш да се опари од бучавата што се правел околу него.
И покрај тоа што во тоа време на примерот на Абдул-Џабар и Патрик Јуинг се покажало дека големите ѕверки во НБА не знаат да продаваат патики, производителите на спортска опрема го сметале 216-сантиметри високиот ѕвер Шекил О’Нил за идеално привлечен бренд.
Главни кандидати за потпис со младата ѕвезда биле лидерот во индустријата, Nike и растечкиот Reebok кој сакал да го преземе врвот на пазарот за спортска опрема.
„Јасно им ставив до знаење на сите дека сакам сопствена линија спортска опрема. Мислам дека Nike не беше свесен каков успех ќе постигнам во лигата. Не сакав да станам еден од тие нови дечки што се губат после две години. Ама Nike не планираше да ми даде сопствена линија зошто неодамна го потпишаа Морнинг (Алонзо) и тоа ме вадеше од такт. Морнинг? Сериозно? Јас потпишав со Reebok, нашата средба помина многу брзо“, раскажува Шекил.
Задоволни биле и од компанијата:
„Шекил е доминантен во секој аспект од играта. Во НБА сите се согласуваат дека он ќе стане голем кошаркар. Веќе долги години НБА така не чекала играч со нетрпение“, среќен бил претседателот на Reebok Sports Роберто Милер.
О’Нил на почеток не се согласил на условите - му нуделе 3 милиони долари годишно.
„Милер дојде кај мене и ми кажа: Ги знаеме твоите барања. Сега имаш три милиони на пет години. Не мораш ни да го читаш договорот, само потпиши го.
Ама јас знаев случки кога спортисти потпишуваа секакви срања без да видат што потпишуваат. Така што побарав од агентот да го прочита цел договор. Тогаш на крј се договоривме на 5 милиони долари годишно и моја контрола над креативниот дел. Сакав сам да снимам реклама“.
Шекил уште како студент разработил свој логотип.
Така стекнал право да има директно учество во смислувањето и снимањето реклами
Во 1992 година светот го виде првиот модел на новата ѕвезда на Орландо Меџик - Shaq Attaq, модел кој стана познат насекаде низ светот.
Дизајнерот на овој модел, Џуди Клоуз раскажал дека Шек многу влијаел на изработката на надворешниот изглед на моделот, така што вработените во тој сектор неколку пати биле на средба со кошаркарот. Прв состанок со НБА ѕвездата имале кај него дома на ручек со неговите родители.
Џуди ден денес памти дека главно јадење било макарони со сирење и свински ребра. Веќе во 1993 година се појавила втората верзија на моделот Shaq Attaq
Истата година излегла и трета верзија:
И надалеку познатата четврта верзија
А во 1996-та во продажба се појави моделот кој буквално доминираше - Reebok Shaqnosis
Набрзо по излегувањето на овој модел кој беше скапоцен, се случила фамозната средба со лутата жена која со право му викала бесно. Овој настан во 2008-та за Forbes го раскажал и Курт Баденхаузен, новинар и уредник во овој магазин.
„Шекил О’Нил само што заврши со тренинг со Орландо Меџик, кога со солзи му пријде една жена, нечија мајка. Му викаше: „Зошто никој од вас кучкини синови не направи пристапни патики?“, го прашала со прекорување.
„Не ја одредувам јас цената. Тоа е работа на Reebok“, и одговорил Шекил.
Пробал да ја смири со 200 долари (Шек спомна дека извадил 2.000 долари), но таа збесна: „Не ми требаат твоите проклети пари!“
Шекил пробал да заборави на овој насан, ама и денес, после 12 години тој настан го ожалостува“, раскажал Баденхаузен во 2008.
Но треба да се има предвид дека одлуката за раскин на договорот со Reebok била обострана зошто приходите на компанијата биле во постојан пад неколку години и тие намерно сакале да се откажат од соработка со скапите спортисти. Не е дека Шекил сам раскинал договор на свое барање, но имал голема улога во тоа.
Според Њујорк Тајмс, продажбата на Reebok стабилно паѓала од 1995-та година, а во 1998-ма година приходите сигнале до скромни 23,9 милиони долари при обрт на околу 3 милијарди долари.
Компанијата заостанувала зад Nike и Adidas, a стручањците во областа сметале дека потпишувањето на Шекил во 1992 бил дрзок обид да се држи чекор со гигантот Nike.
Според Њујорк Тајмс, продажбата на Reebok стабилно паѓала од 1995-та година, а во 1998-ма година приходите сигнале до скромни 23,9 милиони долари при обрт на околу 3 милијарди долари.
Компанијата заостанувала зад Nike и Adidas, a стручањците во областа сметале дека потпишувањето на Шекил во 1992 бил дрзок обид да се држи чекор со гигантот Nike.
ШЕК СИ ОСНОВА СВОЈА ЛИНИЈА
Некогашната ѕвезда на Орландо Меџик и ЛА Лејкерс решил да го основа брендот Shaq чии патики биле исложени на хипермаркетот Walmart и чинеле од 19 до 29 долари.
„Не постои такво нешто дека децата не сакаат да носат патики од 20 долари. Они просто не сакаат да носат патики кои изгледаат на 20 долари“, раскажува Шек.
Тој ангажирал и вработил некои поранешни дизајнери во Reebok. Во првата година произвеле околу два милиони пара нови патики.
„Никој не сакаше да се занимава со нискиот пазар, но треба да се спомене дека во нашиот свет има повеќе луѓе од пониска класа. Кога јас бев дете, не можев ни да помислам на татко му да му побарам да ми купи патики од 150 долари“.
Сега тој почнал да продава патики по цена од 20 до 40 долари по Соединетите Американски Држави но и во Кина. Но во Кина цената е поголема два пати.
Пред пар години Шекил имал успешни инвестиции и искуство на стотини дизајнирани патики. Тоа му помогнале да биде пак пред вратата на Reebok.
Во 2019-та година тој најави дека сака да ја преземе компанијата:
„Компанијата Аутентик Брендс Груп со која работам само што ја купи Спортс Илустрејтед. Но би сакал да го купиме Reebo. Овој бренд практично се растопи во Adidas. Сакам да ги вратам одново на патот на баскетот и фитнесот“.