Што бил: Додека играл за аматерскиот Стокбриџ Парк Стилс, Варди заработувал скромни 30 фунти неделно поради што морал да најде уште некоја друга работа. Брзо почнал да прави и медицински завои и помагала за да ги плаќа сметките. Овој човек е англиски репрезентативец кој играше на Европското.
Графите
Што стана: Шампион во Бундеслигата, најдобар стрелец и најдобар играч во Германија во сезоната 2008/2009. Автор е на фантастичниот гол против Баерн Минхен.
Што бил: Пред да почне да игра фудбал, Графите во родното место Кампу-Лимпу-Паулиста во Бразил одел од куќа до куќа и продавал црни ќеси за отпад.
Дадо Пршо
Што стана: Шампион на Франција и Шкотска со Монако и Ренџерс и финалист во Лигата на шампионите во сезоната 2003/2004.
Што бил: Автомеханичар кој не можел да најде професионален клуб во Франција каде избегал по избивањето на војната во Југославија. Неколку години работел како автомеханичар „во канал".
Карлос Бака
Што стана: Двократен освојувач на Лигата на Европа, најдобар стрелец на Севиља и лидер на нападот на Милан.
Што бил: До 20 години бил возач и контролор во автобус. Заработувал доволно да може да им помогне на своите најблиски.
Невил Саутхол
Што станал: Двократен првак на Англија со Евертон, победник на Купот на Куповите, двократен освојувач на Купот на Англија, четирикратен освојувач на Супер Купот, голман на репрезентацијата на Велс.
Што бил: По неуспешната проба во Болтон - келнерот, портирот и домарот знаел да работи чувар во фабрика, но и рецепционер во пристојни хотели. Професионален фудбалер станува дури на 23 години.
Питер Шмајхел
Што станал: Шампион на Европа со Данска, четири пати биран за најдобар голман на Европа според УЕФА, петкратен шампион на Англија и еднократен освојувач на Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед. Автор е на 11 голови и татко на Каспер Шмајхел од Лестер.
Што бил: Бил фарбач и молер во текстилна фабрика, домар во дом за стари лица како и бравар кои местел врати и рекламни паноа.
Дмитри Хохлов
Што станал: Шампион на Русија со Локомотива во 2004. година. Успешно настапуваше во ПСВ, Реал Сосеидд и репрезентацијата на Русија.
Што бил: Пред да почне да игра фудбал во Кубан, Хохлов неколку месеци работел како „шанер", односно продавал парфеми, одела, сакоа и јакни што ги увезувал најчесто од Турција. „Се што заработував, веднаш трошев. Во мене не остана буквлано скршена пара", раскажувал рускиот фудбалер кој играше и на едно големо натпреварување со Русија.
Димитри Паје
Што стана: Една од ѕвездите на Европското 2016, најдобар и најсакан играч на Весте Хем во сезоната 2015/2016.
Што бил: Парарелно со тренинзите во Нант, Паје работел и како продавач во бутик за гардероба.
Луис Суарез
Што стана: Најдобар стрелец во историјата на Уругвај, шампион на Холандија и Шпанија, освојувач на Лигата на шампионите со Барселона. Во 2013/2014 го прогласија за најдобар играч во англиската Премиер лига. На Мундијалот во Јужна Африка 2010. стигна до полуфиналето.
Што бил: Ѝ помагал на мајка му да ги прехрани седумте деца и работел хонорарно како чистач во Салто, место на северозападот од Уругвај.
Анхел Ди Марија
Што станал: Олимписки шампион, првак на Португалија, Шпанија и Франција, освојувач на Лигата на шампионите 2013/2014 како играч на Реал Мадрид и прогласен за најдобар фудбалер на финалето на ЛШ. Ди Марија беше и најдобар асистент во Ла Лига во 2013/2014 и во Франција 2015/2016.
Што бил: Им помагал на родителите во складиштето за јаглен во Росарио. Бил многу приврзан со неговите, но тие не можеле да му приуштат нова опрема за фудбал. После првиот трансфер во Бенфика, тој им купил голема куќа на неговите и побарал од татко му да не работи веќе.
Роберто Карлос
Што стана: Светски шампион 2002-ра со Бразил, четирикратен првак на Шпанија, трократен освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид, стрелец на пет голови за рускиот Анжи.
Што бил: Од дванаесет до четиринаесет години Карлос работел во текстилна фабрика во Бразил. „Често ја повредував раката од иглите со кои шиев различни материјали. Сите прсти ми беа избоцкани и ме болеа".
Алексис Санчез
Што стана: Најдобар играч на Копа Америка 2016, најдобар фудбалер во Серија А 2011/2012 и во Чиле 2009, шампион на Чиле, Аргентина и Шпанија, освојувач на Копа Америка 2015 и 2016, освојувач на Купот на Англија во составот на Арсенал.
Што бил: „Знаев да правам салто уште од мал и луѓето ми викаа на улица: Направи салто, ќе ти дадеме пезоси. Долго време миев и коли за да заработувам".
Рики Ламберт
Што стана: Го врати Саутемптон во Премиер лигата, даде 30 голови во Чемпионшип и премина во Ливерпул каде во јуниорите како дете играл со Џерард. На 30 години дебитираше во репрезентацијата на Англија и даде гол.
Што бил: До 18 години четири месеци пакувал цвекла за што заработувал по 20 фунти дневно.
Чарли Остин
Што стана: Најдобар играч во Премиер лигата за месец декември 2015.
Што бил: „Пред седум години работев како ѕидар на градилиште. Станував во шест сабајле и со синото комбе се возев еден час од Борнмут во Бејсингсток. Многу тешка работа. Особено зимно време на калливо градилиште работевме и по студ и по дожд и по град", се сеќава еден од најдобрите напаѓачи во Англија.