Кој е Андре Гомеш - новиот европски шампион на Камп Ноу

Еден од најдобрите португалски фудбалери кои станаа европски прваци, Андре Гомеш после ланскиот дебакл на Валенсија 7-0 од Барселона, решил да продолжи на тренинг истата вечер затоа што не можел да се погледне во огледало. Партиите против Реал и Барса му беа врвни.

Летово Андре Гомеш му исполнил две животни желби на татко му: да освои Европско првенство со репрезентацијата и да стане играч на саканата Барселона. Овие пријатни моменти на Гомеш-стариот не завршиле брзо, затоа што за да дојде на „Камп Ноу“, син му морал да ги одбива по ред Јувентус и Манчестер Јунајтед, но и мадридски Реал.

Кога Андре Гомеш прифатил да премине во Барселона, тој бил на одмор на Ибица. Со години летува на источниот брег на Шпанија.
 
Играчот од средниот ред година ипол живеел во Валенсија каде исто уживал на песочни плажи, таму одел на одмор, а сега се пресели во главниот град на Каталонија и радикално го менува регионот. Барселона се наоѓа на северот од Валенсија што значи дека играчот е во потполно поинаков свет: со поинаква архитектура, со зимско сонце и многу европски фудбал во сезоната.
 
Европскиот шампион со Португалија како и многу талентирани сонародници поминал низ школата на Бенфика. Роден во предградието на Порто, Гомеш прво играл за младинците на „Змејовите“ од Драгао (2005-2008), а потоа се сели во Лисабон, каде на 18 години дебитира за првиот тим и станува стандарден првотимец на младинците.

Не за долго го контактира Хорхе Мендеш, светскиот крал на агентите. Мендеш, близок пријател со газдата на Валенсија, Сингапурецот Питер Лим реши да го прати Андре во шпанската филијала на Бенфика каде за пола година неговиот клиент стана најсаканиот играч на Местаља. Андре Гомеш совршено се вклопи во екипата која во сезоната 2014/2015 го освои четвртото место и се влезе во квалфикациите за Лига на шампиони. Таа сезона и Реал и Барса се изнамачија со „Лилјаците“.
 
Минатото лето ракводоството на „Лос Чес" го купи Португалецот за 15 милини евра, но веќе следната сезона беше катастрофална за Валенсија која за малку ќе испаднеше во Сегунда за првпат од 1986. година. Во време на Нуно Ешпирито Санто и Гери Невил тимот беше на само шест бода од зоната за испаѓање. Гомеш успеа да одигра неколку добри средби во тој период, посебно против лидерот кој беше негов потенцијален купец. Андре беше еден од најдобрите на теренот во мечот полн со емотивен набој против Реал Мадрид 2:2 на Местаља а набрзо „ги шиеше“ гигантите и на нивен терен на Сантијаго Бернабеу и Камп Ноу.

Тоа беше на крајот од сезоната кога многумина го критикуваа Гомеш, затоа што во дуелите против послабите екипи делувал бавен, грешел во додавањата и често претерувал со дриблинзите.На кратко - како цела Валенсија цела сезона лани. „Со главата е во Торино", мрмореле гледачите зад трибината алудирајќи на гласините дека Андре Гомеш е близу Јувентус.

Иако навивачите беа бесни на Хорхе Мендеш и неговото влијание во Валенсија (го критикуваа дека од клубот направил своја база за продажба на играчи), Андре изградил посебен однос со навивачите. Секогаш знаеле на која плажа е, шетал сам со кучето, па дури и во тешките моменти по екипата, излегувале од автобус и се поздравувале со него без да му направат непријатни сцени.

Фотографии со Гомес има буквално половина Местаља, толку Португалецот е близок со навивачите на Валенсија. Продажбата на негови дресвои била прва, пред детето на клубот Пабло Алкасер и популарниот Алваро Негредо.

На Гомеш му било удобно не само во градот туку и во клубот. За него се играла формацијата 4-3-3, затоа што омилена позиција на Португалецот во овој систем е левата позиција во средниот ред. Андре физички е јак и тоа му овозможува да ја чува топката и да покрива во одбраната.

Обично се движи на левото крило и знае да се уфрли како крилен напаѓач. Од таа позиција му даде гол на Зенит на Местаља во Лигата на шампионите (2:3). Андре е деснак, но тој еднакво добро шутира и со лева. Можеби најдобриот гол минатата сезона Гомеш го постигна против Малага (3:0). Прими една топка на влез во шеснаесетникот, со една финта се ослободи од неколку противнички фудбалери и со лева погоди во поблискиот агол. Има необичен сенс за шут со лев, иако важи за деснак.

Гомеш има крупна конституција, граден е силно и тоа му е адут не само во средината од теренот, туку и во својот шеснаесетник. „Со брзината и снагата, Гомеш е како некоја компилација од Михаел Балак и Френк Лампард. Тој е голем професионалец гладен за напредок и успеси. Зборува три јазици. Кога изгубивме 7:0 од Барселона, тој бараше да одиме на тренинг и на крајот отиде да тренира", носталгично се сеќава Гери Невил, најлошиот тренер во историјата на Валенсија.

Но малку е веројатно познавањето на три јазици да му биде предност на Гомеш во борбата за место во тимот на Барселона. Таква конкуренција никогаш не видел во кариерата, затоа што за местото централен играч во средината се борат многу играчи оддеднаш: Ракитиќ, Арда Туран, Сампер, Рафиња, па ако е потребно и Денис Суарез, Маскерано и Серхи Роберто.

„Мислам дека е време да оди", твитна неодамна Микел Сорс еден од агентите на Иван Ракитиќ кога се објави трансферот на Гомеш. Агентот на должност тогаш напиша неколку твитови дека тоа било негово лично мислење, а самиот Ракитиќ изјави дека останува во Барселона и дека има само еден агент а тоа е Артуро Каналес.

Предноста на Гомеш е во тоа што тој може да игра и крило зад Нејмар. Прв кандидат за трансфер е Арда Туран, особено затоа што Барса го планира 22-годишниот Гомеш за долгорочно решение на средината од теренот. Гомеш затоа го прекинал одморот порано и дошол во базата за почетокот на подготовките.

За него Валенсија ќе добие 35 милиони евра, но тоа не е се, затоа што тимот од Местаља ќе добие и евентуални 20 милиони евра како бонуси.

Покрај тоа, Валенсија како дел од договорот може да земе двајца играчи од Барселона (се споменуваат Тељо и Монтоја) и трето договорот вклучува 15 милиони евра Барса да и плати на Валенсија во случај Андре Гомеш да ја освои „Златната топка".