Со трансфер политиката ова лето во Спортинг Лисабон не знаеме што се случува, но знаеме само едно, дека клубот ги победи сите лакоми клубови и агенти кои бркаат милиони. Спортинг дефинитивно го направи трансферот на летото, па и на годината.
Потпиша договор со 5 годишен навивач кој се бори со рак. Франциско доби покана од клубот на средба со претседателот Бруно Карваљо со кој нема само формално запознавање, туку потпиша вистински договор.
Спортинг излезе со соопштение на својот сајт:
„Тој можеби има 5 години, но веќе ги освои срцата на сите навивачи на Спортинг. Облечен во спортска опрема на Спортинг, Франциско го потпиша својот прв договор на церемонија со претседателот Бруно де Карваљо. Задоволство ни е што потпишавме со Франциско чија работа е да го изведе првиот удар на првиот меч во новата сезона. Тој е голем трансфер во ноќта. Тој е големо име кое ни покажува што значи Спортинг. Клубот постои 110 години и со луѓе како него лесно ќе постои уште 110“.
Сонот на Франциско се исполни кога го предводеше тимот на терен пред 30.000 фанови.