По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!
Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.
Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.
По триумфот на тешкиот гостински терен во Манхајм од шест гола разлика, ракометарите на Вардар немаа сили за уште една победа и потклекнаа пред своја публика на реванш дуелот со Рајн Некар.
По убедливиот триумф над европскиот шампион минатиот викенд, Вардар и вечерва демонстрираше страшна форма и го прегази германскиот шампион Некар Левен со 27:33 (16-17).
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)
Откако го совладаа Загреб во дуел од СЕХА лигата, Вардарци вечерва загубија на гости од хрватскиот шампион 28:27 (12-17), во петтото коло од европската Лига на шампиони.
Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа во исто толку кола во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекувањата ја совлада 30:27.
Ракометарите на Металург одиграа феноменален меч со тотално драматична завршница во која херој беше Дарко Арсиќ со 16 одбрани. Во последните секунди фати чиста топка во игра еден на еден, клучна за голема победа против Ла Риоха во ЛШ.
Црвено-црните ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЛШ. Имаа проблеми во првиот дел против Мешков, но во второто полувреме заиграа победнички, славеа 31:27 и во добра атмосфера ќе патуваат во Целје.
Со големи мотиви и желба за надигрување, ракометарите на Металург победнички ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Филип Талески и голманот Дарко Арсиќ беа клучни играчи на мечот.
Веспрем и Кјелце ни донесоа инфаркт финален натпревар во Лигата на шампионите. 23 кратниот унгарски првак можеше лесно да стигне до трофејот уште во регуларните 60 минути, но Пољаците беа дрски и им го срушија сонот во второто полувреме.
Трета година по ред, ракометарките на Вардар го освојуваат третото место на финалниот турнир на најдобрите 4 екипи од континентот. Во Будимпешта: Вардар - Будуќност 30:28.
Ракометарите на Вардар дрско му се заканија на унгарскиот гигант и се обидоа да испишат историја, но играта и резултатот во првите 30 минути не беа доволни за сензација и пласман во фајнлфор. Македонскиот шампион имаше +4 на паузата, но на крајот ремизираше.