Европската фудбалска сезона се ближи до крајот. Ако во елитните шампионати на Стариот континент знаеме се што се случува, да ја видиме ситуацијата во вторите лиги.
Оваа година Air Max прославува јубилеј од 30 години, одбележувајќи ја триесетгодишната историја од промовирање на урбаната култура насекаде низ светот со линија на патики, која отсекогаш била препознатлива за Nike.
Со напаѓачка навала составена од Меси, Ди Марија, Игуаин, Агуеро, Дибала и Лавеци срамота е селекцијата на Аргентина да има учинок од 14 постигнати гол на 12 меча и да стрепи дека може да им се случи најголемиот срам во историјата. А сè е можно, фудбал е.
Еден од ретките фудбалери кои повеќе пружи во репрезентативниот отколку клупскиот фудбал, синоќа за последен пат играше за Германија и постигна фантастичен гол против Англија.
По повод 22 март, Светскиот ден на водата признаен во Обединетите Нации, и спортот има што да каже. Незаборавни и епски моменти на силен град кои не ги спречија спортистите да тераат по свое.
Легендарниот Бразилец кој денес полни 37 години дебитантскиот гол за Барселона го постигна на 3. септември 2003-та година против Севиља. Ја зема топката од својата половина, направи слалом меѓу противниците и со бомба од преку 30 метри постигна маестрален гол. Од тој момент не престана да блеска во тимот од Камп Ноу.
Друштвото е доста елитно, а во него се наоѓаат една бразилска и една германска легенда од едно друго време и еден Аргентинец од ова време. Веројатно веќе ги погодивте.
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.
Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.
На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.
Тимот предводен од Португалецот Леонардо Жардим (42) е составен од млади фудбалери на кои цената вртоглаво им расте. И нормално, зошто дечките играат убав фудбал за око, најефикасни се во цела Европа и на добар пат се да станат шампиони на Франција.
Свежите странски пари колку можат да бидат добри, толку можат да бидат и лоши. Во случајот со екипите од Милано за сега нема ништо добро, туку само една необична смена на термин на кој нема навивач кој не би се побунил.
Биби, Вебер, Дивац, Даг Кристи, Стојаковиќ, Хидо Туркоглу, Скот Поларт, Боби Џексон против Коби, Рик Фокс, Шекил, Дерек Фишер и Роберт Хори. Каков мегдан беше тој поради кој се каснеше на работа, во школо, на факултет.
На Јувентус му судат пенал. Тоа е еден од најироничните транспаренти сезонава кои се појавија изминатиов викенд на стадионите во Серија А. Јуве доби пенал и вчера и во петокот, ама изминативе неколку сезони и не баш како што мислите.
Дечкото уствари навива за Јуве, тимот кој пред две години загуби во финале во ЛШ од Барса, но тоа не му било пречка до рано сабајле да биде дел од големото славје во центарот на Барселона. Не планирал да оди на Камп Ноу, ама сепак пресуден бил веројатно неговиот прекар.
Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.
Ракометарите на Вардар го совладаа Кристијанштад и стигнаа до 10-та победа во групната фаза од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак на својот јубилеен меч во групната фаза, стана првиот клуб кој успеа директно да се пласира во топ 8 фазата од најелитното клупско натпреварување.
Кога на 18 години добиваш 5 милиони фунти годишно не знаеш што попрво да направиш со себе и мислиш дека можеш да го имаш целиот свет. Кога ќе се погледнеш во огледало еден ден ќе сфатиш дека си правел само глупак од себе и ништо друго.
Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.