Еуролинк немаше доволно сили за целосен пресврт во дуелот со Трансмет

Екипите на ЕЛЕМ, Трансмет и ЕВН стартуваа со победи во првиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ го искористи падот на концентрацијата за победа над Раде Кончар
ЕЛЕМ 10-5(6-4) Раде Кончар
ЕВН: Димче Димитријески 6’ Влатко Петровски 4’ 9’ 17’ 18’ 40’ Синиша Ковачевиќ 11’ 29’ 39’ Антонио Ничевски 27’
Раде Кончар: Маријан Баждаров 3’ 6’ Сашо Василовски 4’ 32’ Јане Талевски 17’
Петнаесетото коло до Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Раде Кончар.

Во дуелот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Раде Кончар прва до водство од 2-0 дојде екипата на Раде Кончар уште во 4-та минута по што екипата на ЕЛЕМ ја промени тактиката во нападот тргна поофанзивно играјќи пресинг за резултатски приклучок. Тоа им појде од рака пред самиот крај на полувремето кога успеаа резултатот да го свртат во своја полза и да заминат со предност од 6-4 на полувремето. Во второто полувреме беше видил пад на концентрацијата на екипата на Раде Кончар која не успеа да го задржи потребното ниво на концетрација па екипата на ЕЛЕМ тоа го искористи за да на крајот слави со убедливи 10-5.

Еуролинк немаше доволно сили за целосен пресврт во дуелот со Трансмет
Трансмет 6-5(4-1) Еуролинк
Трансмет: Илче Георгиески 1’ 30’ 32’ Енис Исаки 5’ 16’ Бобан Велјановски 10’
Еуролинк: Јовче Зузаровски 7’ 38’ 39’ 40’ Ивица Стефковски 29’

Екипата на Трансмет уште на самиот старт влезе мошне мотивирано и офанзивно во нападот на крилата на нивната публика кога дојде во голем број да ги поддржи и даде ветер во грб. Еуролинк не се снајде баш најдобро во самиот старт имаше многу грешки пред се во одбраната по што Трасмет успеа да оди со убедливи 4-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Трансмет од минута во минута го зголемуваше водството па ја примора екипата на Еуролинк да внесе во своите редови голман играч што вроди со полод. Со ваквата игра екипата на Еуролинк успеа целосно да се врати во натпреварот но времето беше сојузник на Трансмет кој го доби овој натпревар со минимални 6-5.

Во висок ритам ЕВН го совлада ЈСП
ЈСП 3-6(3-4) ЕВН
ЈСП:Дејан Блажевски 3’ Томи Петковски 12’ Далибор Миленковски 17’
ЕВН: Ајет Новобрдарија 10’ 16’ Александар Димовски 11’ 20’ 33’ Бојан Маџовски 29’

Исклучително неизвесно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и ЕВН и на двете страни се играше брз фудбал во висок ритам кој бараше висока физичка подготвеност. Екипата на ЕВН во финишот на полувремето успеа да оствари минимална предност од 3-4. Во второто полувреме екипата на ЕВН имаше одлична реализација и го искористи играчот плус со што успеа резултатски да се одлепи. ЈСП во своите редови внесе голман играч како би го намалила водството на екипата на ЕВН која успеа да се одбрани и го доби овој натпревар со 3-6.

21 март 2017 - 09:06