Пеле, Герд Милер и Лионел Меси се великаните со најмногу постигнати голови во историјата пред да стигнат до 30 години. Број 1 на оваа листа е Пеле со 657 погодоци, а со синоќешните два гола против Валенсија Меси изби на втората позиција со 578, еден повеќе од Герд Милер.
Во статистиката се пресметани сите официјалните средби за клуб и репрезентација во сите категории, со исклучок на клупските пријателски натпревари.
Ако се калкулираат головите во сениорска конкуренција, тогаш Меси е на бројка од 551. Од останатите 14 му се за Аргентина У20, 2 за Аргентина У23, 6 за Барселона Ц и за Барселона Б.
Милер во тој случај има 486. Другите му се 1 за Западна Германија У23, 51 за ТСВ 1861 Нордлинген и 38 за Баерн Минхен кога во 1964/1965 играа за регионална лига.
Инаку синоќа Меси стигна до бројка од 41 погодок и стана првиот фудбалер во историјата на Ла Лига со минимум 40 постигнати голови во една сезона на сите натпреварувања. Сезонава има постигнато 25 гола во Ла Лига, 11 во ЛШ, 4 во Копа дел Реј и 1 во шпанскиот Супер Куп,
Во сезоната 2009/2010 постигна 47 гола и потоа во следните продолжи со: 53 - 73 - 60 - 41 - 58 - 41 – 41.
Меси во 2012-та стана најдобар стрелец во историјата на Барселона откако со гол против Гранада го мина Цезар Родригез. Две години подоцна следуваше уште еден подвиг кога со хет-трик против Севиља го мина рекордерот Телмо Зара и стана најдобар стрелец во историјата на шпанското првенство.
Откако триото МСН игра заедно во Барселона, бројките го велат следново: Меси 140 голови, Суарез 114, Нејмар 84.