Маестрален ауфидерзен на Подолски од репрезентацијата

Еден од ретките фудбалери кои повеќе пружи во репрезентативниот отколку клупскиот фудбал, синоќа за последен пат играше за Германија и постигна фантастичен гол против Англија.

Пријателскиот дуел во Дортмунд меѓу Германија и Англија беше 130-ти настап за Подолски во дресот на „Мајншафт“ и го одбележа со еврогол, 49-ти во националниот дрес.

Со капитенската лента, Подолски синоќа ја предводеше Германија до прва победа над Англија на домашно тло после цели 30 години. Во 84’ минута селекторот Лев го извади од игра со цел стадионот да го испрати миленикот во заслужена репрезентативна пензија.

31-годишниот Лукас дебитираше за репрезентацијата на 6. јуни 2004-та на 19 години. И покрај тоа што неговиот Келн на крајот од таа сезона испадна од Бундеслига, селекторото Руди Фелер го повика младиот талент за мечот против Унгарија во Кајзерслаутерн а Подолски влезе од клупата.

Дебито за Германија пред 13 години

 

На тој начин стана првиот второлигашки играч после 1975. година кој заиграл за Германија. Лукас се појави и на Европското во Португалија каде беше најмлад член на селекцијата на Германија. Играше и на Мундијалите 2006, 2010 и 2014 и на Европските првенства 2008, 2012 и 2016.

Изјави дека се повлекува од репрезентацијата со цел да проаѓа повеќе време со семејството.

„Лукас е уникатен и никој не може да го замени. За мене дуелот со Англија беше прекрасен но во истовреме и тажен затоа што еден од најголемите играчи кои некогаш играле за Германија заминува“, изјави селекторот Јоаким Лев којшто со Подолски соработуваше речиси 10 години.

Некогашниот играч на Баерн Минхен, Интер и Арсенал а сега член на Галатасарај по завршувањето на сезоната ќе се пресели во јапонсккиот тим Висел Кобе во Џ1 Лигата. Во својата кариера Подолски стана Светски првак во 2014, освои 1 титула во Бундес, 1 Германски Куп, 1 Лига Куп, 1 ФА Куп со Арсенал, турски Куп и два турски Супер Купа со Галатасарај.

Подолски е фудбалер со најмногу признанија ’Гол на месецот’ од основањето на Бундеслигата: