Ла Масиа не е во опаѓање со вадење таленти, а тоа го докажува детево кое веројатно за неколку години ќе стане славно име на Камп Ноу. Така барем покажуваат снимките на кои се издвојува и кој покажува дека Барселона ќе прави смена на генерации од својата академија.
На времето знаевме за Романецот Мурешан кој со своите 2,34 беше највисокиот кошаркар кој играл во НБА лигата. Денес нема толку, но има приближно високи кошаркари во најдобрата лига на светот.
Кога две англиски екипи од пониските лиги се сретнале во куп натпревар, никој од гледачите не помислил дека за време на натпреварот ќе може да скокне до дома на чај, потоа да се врати на стадион и овие уште да немаат завршено.
Навивачка на Атланта Хокс не можеше да ги задржи емоциите од средбата со Шек, па се расплаче додека се фотографираа за време на ТНТ студиото во Атланта.
Кај нас ќе се искршиш да најдеш сервис за банални потреби (на пример, да не се потопиш кога ќе ти пукне водоводна цевка). Во Стокхолм љубовта знае да биде толку шарена и развиена што подразбира дека има некој да ти ја чува мајата за месени специјалитети додека си на одмор.
Му се уживало на плажите во родниот Мадагаскар и никако не сакал да се врати да игра фудбал во Франција, но татко му го убедувал да проба уште еднаш. Како Димитри Паје стана најголем адут на Франција за Европското првенство летово?
„Куратор" освен на безобразно, асоцира на човек со куп дипломи и долго искуство со организирање изложби. Но една нова поставка во Националниот музеј во Варшава покажува дека за да составиш изложба доволно е да си - дете.
Пред светот да биде Брисел, светот беше Париз, а пред тоа беше Шарли Ебдо. Никој нема проблем со емпатијата околу овие настани, забелешката е како луѓе одлучуваат да ја ограничат својата емпатија на настани што се случуваат во ЕУ (и во САД).
Фантастичниот Уругваец (40) кој беше миленик на Морати и сите Интеристи во четврток ќе се повлече од активното играње фудбал, а на прошталниот меч ќе дојдат многу светски фудбалски легенди меѓу кои и соиграчите од Интер.
Исто како Словенија, така и Бугарија до сега ни била противник само на пријателска база. Но со нив имаме полош меѓусебен скор од две победи, три порази и едно реми. Едната победа е многу слатка бидејќи е остварена против четвртата селекција во светот од Мундијалот во САД 1994.
Прекрасната сезона на Аспиринџиите во која победуваа секој и секаде заврши неславно затоа што во рок од две недели загубија во клучните битки на сите три фронта и не освоија ниту еден трофеј.
Легендата на Росонерите, Алесандро Костакурта ја откри вистината околу одлуката на потпретседателот Адриано Галијани пред 25 години да не им дозволи на фудбалерите да ги довршат последните минути од дуелот со Марсеј во четвртфиналето на КЕШ.
Немаме инфо колку нашинци успеале да ја запознаат фудбалската величина која почина пред два дена, но знаеме дека Перула Костовски кој живееше во населба Козле му судеше во финалето на Лигата на шампиони. Фотографии од него ни даде Ивко Панговски.
Овој викенд нема коло во најсилните европски лиги и решивме да ја поштедиме Мирјана. Тикетот на колото ни го состави Сашо, рекордерот во Офсајд со 25 од 25. Тој за денеска има 17 предлози.
Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Фулам, Чарлтон и Милвол се клубовите кои може да ги гледате доколку се најдете во главниот град на Англија. Ова се сите стадиони во Лондон со убави 17 кадри.
Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.
Некогаш најголемата надеж на англискиот фудбал и 12 пати репрезентативец на Англија, Адам Џонсон (28) денес ја слушнал пресудата за педофилија и следните шест години ќе ги мине во затвор.
Феличе Наталино не е среќен бидејќи на 24 години не може да игра фудбал, но пресреќен е што секоја година слави роденден и што се врати во клубот кој му го продолжи животот.