Некогаш најголем талент, од денес робијаш

6 години затвор за Адам Џонсон

Некогаш најголемата надеж на англискиот фудбал и 12 пати репрезентативец на Англија, Адам Џонсон (28) денес ја слушнал пресудата за педофилија и следните шест години ќе ги мине во затвор.

„Свесно сте се впуштиле во сексуални активности со оваа млада девојка. Нема сомнение дека сте очекувале да се провлечете“, рекол судијата Џонатан Роуз пред изрекувањето на казната за Адам Џонсон поради секс со 15 годишно девојче.
Некогашниот фудбалер на Манчестер Сити и крило на англиската репрезентација долго ги негираше сите обвиненија, и изјави дека само ја бакнал и ја заведувал ученичката која што во него гледала идол, пишува денес Гардијан.
 
Судот и полицијата утврдиле дека на 30. јануари 2015 година 28-годишниот фудбалер имал секс со девојчето во својот ренџ-ровер на паркинг зад некој кинески ресторан. Англиските медиуми пренесуваат дека Џонсон за време на судењето џвакал мастика и не покажал ни малку срам и каење.
„Сево ова е во потполност твоја одговорност и вина“, додал судијата Роуз.
Колку бескурпулозно се однесувал Џонсон покажува и фактот што пред читањето на пресудата опуштено си муабетел со обезбедувањето, со роднините, со пријателите а во еден момент на глас рекол: „Веројатно ќе заврши ова до петок, веќе е досадно“.
 

Обвинителството не е во целост задоволно од пресудата затоа што барале 10 годишна затворска казна за ова кривично дело. Судијата изјавил дека Џонсон ѝ нанел тешка психолошка штета на девојката која што се плаши да излезе надвор затоа што врсниците ја провоцирале со дофрлања.
 
Покрај затворската казна, Џонсон ќе мора да плати и 50.000 фунти, а судот од биографијата му избришал и 12 меча во дресот на англиската репрезентација. Толку од фудбалската кариера на некогашното страшно крило на Манчестер Сити, Мидлзборо, Лидс и Сандерленд.

Џипот во кој Џонсон го извршил делото

ѓ