Селекторот Ѓоќо Хаџиевски со кој ја остваривме најдобрата позиција на ранг листата на ФИФА, на 25 март 1998 година истрча со следниов состав: Петар Милошевски, Гоце Седловски, Игор Саша Николовски, Неџмедин Мемеди, Митко Стојковски, Љубодраг Милошевиќ, Срѓан Захариевски, Виктор Треневски, Тони Мицевски, Ѓорги Христов и Артим Шаќири.
Негов колега од спротивниот табор беше Христо Бонев, вториот најдобар стрелец на Бугарија зад Димитар Бербатов со 48 голови. Бугарската селекција на Градски допатува како полуфиналист од Светското првенство во САД каде направи сензација со пласманот, а потоа се пласираше и на следниот Мундијал во Франција.
Предводник во тимот им беше Христо Стоичков кој тогаш ја напушти Барселона со која освои 14 трофеи и се врати во ЦСКА Софија, а играа уште и Здравко Здравков, Радостин Кисишев, Трифон Иванов, Гошо Гинчев, Адалберт Зафиров, Красимир Балаков, Маријан Христов, Светлослав Тодоров, Љубослав Пенев.
Бугарија беше апсолутен фаворит на тој меч и се подготвуваше за Мундијалот во Франција, но Македонија направи големо изненадување и со голот на Ѓорги Христов кој таа година заигра во Премиер лигата со Барнсли, славеше со 1:0.
Голот на Христов на асистенција на Треневски кој го пренесоа и Англичаните.
Го има и целиот хајлатс со се химната на Македонија со оркестар, а внимавајте на слаломот на Тони Мицевски на 1:20 кој мина четворица играчи.
Последниот дуел меѓу Македонија и Бугарија се одигра во на 14 август 2013 година кога славевме 2:0 со головите на Ибраими и Трајковски.
Ова се останатите пријателски дуели:
12.04.1995 Македонија - Бугарија 0:0
28.05.1996 Бугарија - Македонија 3:0
15.08.2001 Бугарија - Македонија 1:0
01.03.2006 Македонија - Бугарија 0:1