Младинската У21 репрезентација на Бугарија одигра 1-1 на гостувањето кај Полска, а овој меч го одбележи супер-соло голот на Здравко Димитров, фудбалерот на Левски Софија кој направи дар мар во полската одбрана во првиот дел.
Наместо да црташ непристојни работи и глупости, ако решиш да им ставиш до знаење на кандидатите за кој ќе гласаш, земи слика од својот идол. А Трифон Иванов на сите ни беше идол.
Најголемото изненадување во досегашниот тек од квалификациите го направи репрезентацијата на Бугарија која со 2:0 ја совлада Холандија. Во ситуација кога Бугарите можеа да дадат уште некој гол и тотално доминираа, холандскиот селектор и неговите соработници дремеа на клупата.
Бугаринот Валери Божинов има ресепктабилна кариера. Играше во Јувентус, во Парма, во Манчестер Сити, во Лече, смени вкупно 11 клубови за на крајот да го освои првиот трофеј и тоа во српскиот куп со Партизан.
Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.
Македонија создава шанси за гол, има иницијатива и по којзнае кој пат губи по смешна поставеност и немарност во одбраната. Македонија - Бугарија 0:2 (Рангелов, Тонев).
Исто како Словенија, така и Бугарија до сега ни била противник само на пријателска база. Но со нив имаме полош меѓусебен скор од две победи, три порази и едно реми. Едната победа е многу слатка бидејќи е остварена против четвртата селекција во светот од Мундијалот во САД 1994.
Откако фудбалската федерација и некои медиуми објавија фотографии на кои се гледа како нашите репрезентативци играат пејнтбол во парк и се опуштаат пред утрешниот дуел, дел од бугарските медиуми излегоа со наслови дека сме ги потценувале.
Репрезентацијата на Бугарија направи право чудо откако ја совлада Португалија (во полн состав) на гости со 0:1. Јунак на победата на утрешниот противник на Македонија (Арена Филип Втори,19:00) беше голманот на Лудогорец Владислав Стојанов кој одбрани преку 20 удари на Португалците за на крајот да му фати пенал на Кристијано Роналдо. Тоа му беше втор одбранет пенал на Кристијано, по оној на дуелот Лудогорец - Реал Мадрид во ЛШ лани.