Холандскиот стручен штаб во Бугарија

Најголемото изненадување во досегашниот тек од квалификациите го направи репрезентацијата на Бугарија која со 2:0 ја совлада Холандија. Во ситуација кога Бугарите можеа да дадат уште некој гол и тотално доминираа, холандскиот селектор и неговите соработници дремеа на клупата.

Напаѓачот Спас Делев со два гола за 20 минути ги зголеми шансите на Бугарија за место кое води во баражот. Најголем виновник за очајната одбрана на Холандија беше 17-годишниот Матис де Лихт кој синоќа стана најмладиот дебитант во репрезентацијата на Холандија. За жал дебито ќе го памети по тоа што селекторот Дени Блинд го извади на полувремето.