
Божинов, кој во неговата татковина е попознат од браковите и разводите со познатите пеачки фудбалот на професионално ниво го игра од 14 година и досега во кариерата сменил дури 11 екипи.
Божинов ја започна кариерата како дете во Лече (таму беше и Мирко Вучиниќ), продолжи во Фиорентина, па во Парма, Јувентус, Верона, Виченца, Тернана, играше во Манчестер Сити и во Спортинг Лисабон како и за Левски Софија.
Бугаринот во моментов е едно од поголемите имиња кои играле во српското првенство, особено ако се земе предвид каде сè играл во кариерата, но вчерашниот трофеј во српскиот Куп му е прв во кариерата.
За разлика од другите клубови каде имаше проблем на адаптација, поранешниот бугарски репрезентативец вели дека во Партизан му е убаво затоа што навивачите го сакаат. За црно-белите Божинов постигна 18 голови сезонава во сите натпреварувања, а наскоро би требало да го продолжи договорот.
Радоста за освоениот пехар во купот против Јавор, Божинов ја објави на Инстаграм каде е најактивен: