Во пресрет на утрешната пријателска меѓу Македонија и Бугарија која се игра со почеток од 19:00 часот на Арената Филип Втори, селекторот Игор Ангеловски им даде слободно време на фудбалерите кои пред неколку дена играа пејтнбол.
„Одамна, речиси 2-3 години немало вака добра атмосфера во репрезентацијата“, изјави денес стоперот Ванче Шиков на пресот и ги потврди зборовите на селекторот дека играчите се целосно спремни за Бугарија.
Од друга страна, бугарските медиуми, само од ним познати причини излегоа со наслови дека македонските фудбалери ги потценувале нивните слабости и дека тренирале како да се светска сила - со пушки, цитирајќи го Македонски Спорт. Во продолжение од текстот следуваат (не)очекувани коментари на читателите од соседството.
Еве како се забавуваа македонските фудбалери во Скопје: